На 4 години била киднапирана и оставена во шума, па за неа се грижеле мајмуни: Лудата приказна на Марина Чапман
По пет години престој во шума, Марина ја пронашле ловци. Иако ја изнеле од прашумата, тоа било далеку од спасување.
Тие ја продале во бордел во Кукута. Таа избегала, но само накратко.
Набрзо станала роб на локално мафијашко семејство како куќна помошничка.
Оттаму, со години талкала по улиците пред да дојде вистинското спасување.
Кога Чепмен била тинејџерка, ја посвоил сосед со кого се преселила во Јоркшир, Англија.
Таму таа се омажила и создала свое семејство.
Во 2013 година ги објавила мемоарите The Girl with No Name (Девојката без име).
Многумина не веруваат на нејзината приказна. Приматолозите тврдат дека многу од однесувањата што Чепмен тврди дека мајмуните ги извршиле имаат мала, или воопшто немаат основа во реалноста.
На пример, Чепмен тврди дека мајмуните капучини граделе гнезда и кревети на дрвјата, но безброј часови истражување утврдиле дека овие мајмуни немаат ваква практика.
Освен тоа, научниците истакнуваат дека дури и на петгодишна возраст, Чепмен била двојно поголема од мајмуните капучини и веројатно би ја сметале за предатор, а не за пријател.
Но, таа има едноставно објаснување за тоа.
„Работата со животните е што тие имаат инстинкт. Знаат дека детето нема да ги повреди“, истакна таа.
Од друга страна, има и експерти кои ја поддржуваат бидејќи ја анализирале нејзината приказна и им изгледа реална.
И покрај скептицизмот на експертите, таа не се откажува од својата приказна, а критиките не ѝ пречат воопшто. И, доколку е вистина, нејзината приказна несомнено е фасцинантна.
С. Ш. | Црнобело