На 4 години била киднапирана и оставена во шума, па за неа се грижеле мајмуни: Лудата приказна на Марина Чапман
Марина Чапман која живее во Англија тврди дека на 4-годишна возраст била киднапирана, па оставена во прашума во Колумбија. Во наредните неколку години, таа преживеала бидејќи за неа се грижеле мајмуни. Некои луѓе се скептични за нејзината приказна, но таа стои на ставот дека сè што кажува е вистина.
Приказната за Марина Чапман е една од најнеобичните што ќе ги прочитате.
Таа тврди дека била киднапирана кога имала само 4 години, во Колумбија во близина на нејзиниот дом, а потоа била оставена во прашума каде, наредните 5 години, семејство мајмуни се грижело за неа.
Многу експерти се скептични за таквата можност, но нејзините сеќавања од минатото се поврзани само со ситуации во контакт со дивиот животински свет.
Marina Chapman is a woman that was raised by capuchin monkeys pic.twitter.com/PS160JmBD7
— Primates (@PrimatesDaily) December 11, 2020
Марина претпоставува дека е родена некаде на почетокот на 1950-тите, иако веројатно никогаш нема да го дознае точниот датум.
Заборавила да зборува и набрзо научила да комуницира со мајмуните користејќи ги нивните гестови, сигнали и тикови.
Таа преживеала, како што вели, гледајќи ги мајмуните и учејќи од нив.
До нејзина 10-годишна возраст, таа вели дека живеела во џунгла без контакт со луѓе и дека била израсната исклучиво од големо семејство капучини.
„На почетокот само ме толерираа. Тие всушност не ве сакаат“, изјави таа за LADbible TV.
„Еден ден, еден од помладите ми скокна на рамениците и иако дотогаш не знаев како е да те прегрне мајмун, кога ми ја стави раката на лицето, тоа беше најубавиот допир кој сум го почувствувала“.
1. MARINA CHAPMAN
— Comfort Adeoye😍 (@_therealcomfyyy) February 27, 2023
Marina Chapman says she was four years old when she was abandoned in the Colombian rainforest, where a family of capuchin monkeys adopted her and taught her how to survive. Eventually, Chapman claimed that she lost all use of language and soon learned to… pic.twitter.com/ikFTIEfbT3
Следејќи ги мајмуните, таа брзо сфатила дека големите купишта банани кои мајмуните ги чувале паѓале на земја, па можела да ги јаде.
Мајмуните ја научиле како да се качува по дрвја, да крши ореви и да оди на сите четири. Научила како да постави кревет на гранки од дрвја за да спие.
Еднаш, вели таа, мирен постар мајмун ѝ го спасил животот кога добила ужасни болки во стомакот.
„Силно ме стискаше за раката, а потоа почна лесно да ме тресе, туркајќи ме“, вели Чепмен.
Ја одвел до поток со матна вода и ѝ ја закопал главата во неа. Марина ја испила нечистата вода и почнала да повраќа, па набрзо почнала да закрепнува.
По ова, вели дека била уште поприфатена во групата, која почнала да се грижи за неа и да дели храна со неа.