Рецепт за Café Brûlo
Изненадете ги пријателите со нов топол пијалок идеален за зимските седенки. Едноставниот рецепт е жежок во секоја смисла на зборот! Потребни...
...ви се еден или два портокала, сварено кафе, коњак или ракија, малку шеќер, цимет и бибер.
Оваа количина е доволна за 6-8 чаши, но состојките може да ги прилагодите по вкус.
На средна температура загревајте 250ml коњак или ракија со неколку цели каранфилчиња, 2-3 зрна бибер, 2-3 стапчиња цимет, 3 големи лажици шеќер и малку кора од портокал (и лимон). Каранфилчињата може да ги боцнете во самата кора.
Откако добро ќе се загрее тргнете го садот од огнот и внимателно запалете ја течноста со шкорче. Оставете да гори 1-2 минути. Потоа полека додавајте од 500 до 750 ml жешко јако кафе и мешајте додека не стивне пламенот.
По желба може да исцедите малку лимон и/или портокал. Послужете и украсете со кора од лимон и/или портокал.