Индиец силувал над 40 девојки и жени – Полицијата го бранела, па неговите жртви го линчувале во судница
Над 200 жени од Индија решиле да ја земат правдата во свои раце откако залудно го пријавувале мажот кој ги силувал, ограбувал и измачувал. Во 2004 година, плашејќи се дека ќе биде пуштен на слобода, тие се собрале во судницата во којашто му се судело и ладнокрвно го убиле.
Додека мислењето на јавноста за смртната казна е поделено, многумина сочувствуваат со жените кои го убиле Аку Јадав.
Во период од 13-тина години, почнувајќи во 1991-ва, Аку силувал над 40 девојчиња и жени, а бил недопирлив бидејќи редовно ја поткупувал полицијата.
Кога на бројните жртви им дошло „преку глава“ решиле да ја преземат правдата во свои раце.
Што направил Аку и каков бил неговиот крај?
Аку Јадав пораснал во сиромашен кварт во западниот дел на Индија. Таму почнал и со неговите криминални дејствија.
Со текот на времето станал вистински гангстер и контролирал голем дел од криминалците во неговата област.
Под негова наредба, овие луѓе ограбувале, мачеле и убивале луѓе, а неретко и ги заплашувале за изнудување пари.
Аку, пак, се заканувал дека ќе ги силува оние кои му се спротивставувале.
Силувањето е табу-тема во Индија дури и денес, па жртвите на Аку само молчеле.
Се претпоставува дека првата жртва ја силувал во 1991 година, а оттогаш не престанал.
Неговите жртви биле толку бројни, што според локалците, во секоја куќа во квартот имало барем една личност силувана од него.
Според некои информации, Аку имал силувано најмалку 40 жени. Најмладата жртва било 10-годишно девојче.
Помеѓу жртвите имало и бремени жени, а некои од жените и девојките извршиле и самоубиство поради траумата што ја преживеале.
Аку ги силувал жените во нивните домови, а доста често им наредувал на неговите „вработени“ да му носат девојчиња во напуштена зграда.
Потврдено е и дека самиот има убиено најмалку тројца луѓе.
Спомнавме дека силувањето е табу-тема во Индија, но некои жени сепак се охрабрувале да го пријавата во полиција.
Но, Аку имал контрола и над полицијата – тој ги поткупувал полицајците и ги честел пијачки.
Тие, за возврат, го штителе, па дури и му кажувале кога некоја жена ќе го пријавела за силување.
На пример, на повеќето жени им велел дека се „лесни“ и дека затоа ги силувал, па ги бркале од станицата.
Додека владеел теророт на Аку, над 20 семејства се иселиле од квартот. Оние кои останале ги криеле нивните ќерки – ги отпишувале од училиште и ги заклучувале дома за да не ги види никој.
Сè додека Аку ги напаѓал сиромашните, полицијата одбивала да се меша.
Но, жртвите собрале храброст да се спротивстават благодарение на една жена.
Аку и неговите луѓе отишле во домот на една жена, ѝ ја искршиле покуќнината и се заканиле дека ќе ѝ го убијат семејството ако не им даде пари.
Подоцна жената била посетена од пријателка – Уша Нарајане – која ѝ рекла да пријави во полиција. Жената била исплашена и не сакала, па Уша отишла наместо неа.
Нормално, полицајците го известиле Аку, па тој отишол пред нејзината куќа со уште 40 мажи.