Индиец силувал над 40 девојки и жени – Полицијата го бранела, па неговите жртви го линчувале во судница
Аку ја опколил куќата на Уша и почнал да ѝ се заканува дека ќе ѝ истури киселина на лицето, како и дека ќе им дозволи на мажите да ја силуваат, за на крај да ја убие.
Уша ја заклучила врата од домот и пуштила плин во домот. Зела чкорче и се заканила дека ќе го запали за да се убие себеси, но и за да го убие Аку.
Ова го исплашило, па тој ја оставил на мир.
Штом соседите разбрале за храброста на жената, одлучиле дека повеќе не сакаат да ја трпат неговата тортура.
Набрзо на улицата се собрале бројни луѓе кои настрадале од Аку, држеле камења и стапови и почнале да го бараат. Нападнале неколку од мажите кои работеле за Аку и се повлекле.
Во август 2004 година, толпа луѓе се собрала и ја запалила куќата на Аку.
Плашејќи се за својата безбедност, тој сам отишол во полиција, по што бил уапсен, но не за да одговара за ужасните злодела, туку за да го заштитат.
Следниот ден почнало судењето на Аку, а пред судницата се собрале над 500 локалци.
Додека траело судењето, тој се заканил дека ќе се врати и на сите жени во квартот ќе им одржи лекција.
Утредента Аку бил нападнат од група луѓе додека повторно го носеле кон судницата, но преживеал.
Сепак, на 13-ти август немал многу среќа.
Низ квартот се рашириле гласини дека по судењето, Аку ќе биде пуштен на слобода.
Не сакајќи повторно да живеат во страв, стотици жени (се претпоставува помеѓу 200 и 400) се упатиле кон судницата. Со нив носеле ножеви и чили зачин.
Влегле внатре и чекале да се појави Аку.
Кога влегол во судницата, тој забележал девојка којашто ја силувал – ја препознал, почнал да ја исмејува, па дури и рекол дека повторно ќе ја силува.
Полицијата, пак, се смеела на неговите коментари.
Тогаш една од жените се разгневила и почнала да го удира по главата со нејзиниот чевел.
Набрзо потоа го нападнале и другите жени.
Аку бил прободен над 70 пати, а во лицето му фрлале камења и чили зачин.
Со зачинот биле нападнати и дел до полицајците кои го штителе, поради што избегале.
Една од неговите жртви му го отсекла и пенисот.
Наводно, жените си ги подавале ножевите за секоја да има шанса да го прободи барем еднаш.
Страшниот напад траел 15 минути и Аку умрел на 32-годишна возраст.
Подоцна, жените тврделе дека убиството не било планирано.
Кога се вратиле дома, им кажале на семејствата што направиле и целиот кварт славел.
Пет жени биле уапсени речиси веднаш, но биле ослободени откако другите почнале со демонстрации.
Бидејќи секоја жена признавала вина за убиството, а притоа немало други сведоци, ниту една жена не заминала во затвор.
Притоа, аутопсијата покажала дека во неговиот организам имало алкохол, што бил доволен доказ дека уживал во привилегии во полицијата. Па, нивните изјави не биле земени предвид.
Спирова С. | Црнобело