7 работи кои родителите треба да му ги кажуваат на своето дете (за тоа да израсне во самоуверена личност)
Кажете му: „Верувам во тебе“ или „Знам дека можеш“. Чувството што секое дете го има кога знае дека родителот верува во него е непроценливо. Па, дури и ако тоа не успее да направи нешто „од прва“, но знае дека родителот е тука за него, тогаш нема да се откаже.
Секој родител се надева дека неговото дете ќе израсне во успешен човек, дека ќе биде одговорна и среќна личност. Но, за децата да бидат задоволни кога ќе пораснат, вие како родители, треба да им ја зголемите самодовербата уште додека сте мали, да ги охрабрувате да прават добри работи, да им помогнете да се соочат и да го надминат стравот, да научат да веруваат во себе и да научат како да ги контролираат своите емоции.
А кога ќе дојде време да се соочат со светот, ќе имаат храброст и одлучност во своето однесување. И за тоа ќе можат да ви се заблагодарат само вам.
Кои работи треба да им ги кажувате на децата за им ја зголемите самодовербата?
„Кажи ми“ или „Те слушам“
Кога сака да сподели нешто со вас, наместо да се фокусирате на себе и својата работа, одвојте време за детето.
Не е важно дали сака да ви раскаже за некој проблем или да се пофали за нешто, важно е да го ислушате.
„Те сакам“
Децата треба да слушнат дека ги сакате за да го знаат тоа. Понекогаш треба да им кажете „Многу те сакам“, без оглед дали постои причина или не.
Чувството дека добива љубов, на детето му ја зголемува вербата во себе.
„Ќе ми простиш ли?“
Сите прават грешки, па и мајките и татковците.
А најдобриот начин да го научите детето да ги прифаќа своите грешки, да ги признае и да се извини, е ако и вие го правите истото кога ќе му згрешите нему.
„Можеш да сметаш на мене„ или „Тука сум да ти помогнам“
Кога детето се сомнева во себе кога му недостига храброст за нешто, покажете му дека сте подготвени да му помогнете.
Тоа ќе му ја зголеми вербата во себе.
„Верувам во тебе“ или „Знам дека можеш“
Чувството што секое дете го има кога знае дека родителот верува во него е непроценливо.
Па дури и ако детето не успее да направи нешто „од прва“, но знае дека родителот е тука за него, тогаш нема да се откаже.
„Те разбирам“ или „Знам како се чувствуваш“
Важно е на детето да му покажете дека сочувствувате со него и дека разбирате низ што поминува.
На тој начин нема да се чувствуваат отфрлени или осамени, туку среќни бидејќи некој навистина се грижи за нив.
„Исплачи се ако ти се плаче“
Плачењето е сосема природна појава. Па и возрасните плачат во одредени ситуации.
Затоа, наместо да им велите на децата дека се големи за да плачат или дека „момчињата не смеат да плачат“ (ако имате син), дозволете им да се исплачат и така да им помине физичката или психичка болка.
A. J. | Црнобело