Животот пресушува ако не знаете да ископате бунар

zivotot-presusuva-ako-ne-znaete-da-iskopate-bunar-povekjeМеланхоличното ехо на мојот глас е веќе одамна изгубена битка со емоциите од минатото. Да, признавам, емотивец сум и гордо на глас ќе го кажам тоа.


Не жалам за моментите кога сум плачела зошто истите тие ме натерале другиот ден да се насмеам, горда сум што знам да чувствувам, некогаш и повеќе од потребното, но никој не е совршен, зар не?

Не можам да бидам иделна, да бидам совршено добра и онаква каква што другите посакуваат, но можам секогаш да бидам насмеаниот уникат кој ќе се насмее денес врз својата победа, за да освои уште еден врв утре.  

И не, вистинската одлука не се крие во маската на секојдневието, туку во обликот на човештвото кој се буди тогаш кога заспива секојдневната имитација на човечки живот.

Бидете среќни ако знаете со својата насмевка да го опишете сопствениот живот,  сè додека филозофирате колку ви е убаво, луѓето ќе знаат на кој начин да ве уништат и да ви завидуваат, а кога ќе се насмеете, ќе бидете нивната мистерија и загатка, а за самите себеси ќе бидете гордоста со која ќе се фалите кога ќе се насмеете.

Убавините на животот дотекуваат од еден извор кој никогаш нема да го видите, само ќе го слушнете неговиот жубор. Кога ќе ја слушнете свежата вода, тогаш ќе знаете дека сте успеале да го ископате изворот на сопствената среќа, само внимавајте... не копајте бунар онаму каде налеваат капки вода, зошто може да пресуши.

Подобро секој ден капка по капка, отколку еднаш бунар, па цел живот суша... 

Текстот ни го испрати Сања Стојковска

Би можело да ве интересира:

8 знаци дека сте силна личност (дури и кога не верувате во тоа) Силната личност гледа на промените како можност за раст, за нов чекор ...
Како да препознаете самоуверени жени кои ретко имаат потреба да импресионираат некого? Што ги прави толку посебни жените кои зрачат со самодоверба и не тежнеат да бида...
6 искрени детски одговори кои ќе ве насмеат (и заслужуваат медал за досетливост) Понекогаш децата кажуваат работи кои им се само ним логични. И тоа го прават тол...
Џон Ленон фотографиран со неговиот убиец и уште 14 фотографии од кои ќе ве полазат морници Војник со посттрауматски стрес на бојно поле, алатите што ги користел озлогласен...
Идеи за пакување новогодишни подароци (што ќе им се допаднат и на најпребирливите) Подароците спакувани во едноставна еднобојна хартија можете да ги декорирате со ...
Илина, Леона - Најубавите имиња за девојчиња родени во август Се верува дека сите кои го носат името Марина имаат висока самодоверба, но и маг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg