7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност
Тропате со лажицата по филџанот кога ставате шеќер во чајот и носите хулахопки со сандали – со кои грешки во однесувањето оставате впечаток на некултурна и неуредна личност?
Никој не може да ги запомни многуте бон-тон правила за однесување и облека, но постојат ситници кои би требало да ги знаеме сите.
Ова се правила кои доколку ги прекршите, ќе оставите впечаток на неуредна и некултурна личност.
Кои грешки треба да ги избегнувате?
Ја средувате шминката додека сте на маса
Кога сте на маса, без разлика дали во ресторан, на гости или кај вас дома со друштво, не е препорачливо да си ја средувате шминката.
За ова треба да одите во тоалетот.
Користите „селфи стик“ кога има многу луѓе
Без сомнение „селфи стикот“ е одличен за правење фотки на патувања.
Но, немојте да го користите ако околу вас има многу луѓе.
Кога сте на место со гужва, со „селфи стикот“ можете да удрите некого и, генерално, да им пречите на другите.
Упорно пробувате да отворите заклучена врата
Најпрво, не заборавајте дека кога сакате да влезете во нечија соба или канцеларија, треба да тропнете.
Доколку сепак тргнете да ја отворате вратата, немојте да бидете упорни ако таа е заклучена.
Со ова покажувате дека воопшто не ја почитувате туѓата приватност и делувате како неучтива личност.
Носите градник со силиконски прерамки
Немојте да мислите дека силиконските прерамки се невидливи. Не само што се познаваат, туку можат да ви го уништат и целиот изглед.
Ако носите облека со разголени рамена или со тенки прерамки, подобро облечете градник без прерамки.