7 погрешни потези поради кои изгледате како неуредна и некултурна личност
Тропате со лажицата на филџанот
Кога ставате шеќер или мед во шолја чај, немојте да тропате со лажичката на филџанот.
Ова е неучтив гест со кој правите непотребна врева.
Испраќате цел куп пораки одеднаш, вклучувајќи и гласовни
Кога се допишувате со некого, немојте да испраќате сто пораки одеднаш.
Ако имате многу за кажување, подобро јавете се.
Ако, пак, ве мрзи да пишувате, немојте да испраќате гласовни пораки и, повторно, јавете се.
Седите со прекрстени нозе
Кога сте во друштво на блиски личности, слободно седете како што ви е најудобно.
Но, ако сте на состанок или на важен настан, избегнувајте да ги прекрстувате нозете.
Според бон-тон правилата, жените треба да седат со споени нозе или само да ги прекрстат глуждовите.
Бонус: Не се срамете да побарате тампон или хигиенска влошка
На секоја жена ѝ се случило да остане без влошка или тампон кога ќе добие менструација.
Во овој случај не двоумете се дали да побарате од некоја друга жена, дури и ако не ја познавате.
Ваквите незгоди е нормално да се случат и не треба да ви биде срам да побарате помош бидејќи секоја жена би ве разбрала.
Спирова С. | Црнобело