Лајк - дислајк инспирација
Цело време додека Цукерберг брои пари, ние обичните смртници си се опседнуваме со лајкнување. Обичниот лајк стана толку голем феномен...
...што го надрасна и родниот фејсбук, па почна да освојува нови територии.
Иако залудно се надевавме на дислајк опција на фејсбук, лајк го доби својот противник во форма на обичен печат.
Овие „ми се допаѓа-не ми се допаѓа“ печати би можеле да се користат на работа, а особено би им заштедиле време на професорите кои имаат куп тестови за оценување :)
Манжетниве дозволуваат да си го искажете мислењето без да го прекинете соговорникот. Само кренете рака :)
Кафе или чај? Дозволете шолјата да зборува наместо вас.
Лајкот влезе и во честитките, па сега на саканите им се подаруваат вакви картички.
Лајк касичката за лична заштеда може да се употреби и за собирање донации и оставање бакшиш. (На келнерот му се допаѓа ова)
Налепниците се уште еден начин да лајкнете нешто надвор од фејсбук.
Тие нудат најмногу можности за употреба, а еден графички дизајнер реши да ги искористи токму вака
И како конечен доказ дека фејсбук го покори целиот свет, му дозволивме на лајкот да ни се шета низ дневна. Со овие стикери самиот ѕид може да раскаже кои ви се омилени гости и што сакате да правите на вашиот кауч. Знаевме дека ѕидовите имаат уши, ама не мораа и да почнат да зборуваат!
Останува уште некој да се истетовира на чело, нели?
З.П. | Црнобело