Бон-тон правила со кои ќе ги импресионирате сите во ресторан и на свечен настан

Доколку организаторот на настанот нема одредено места за седење, гостите треба да почекаат додека организаторот (или некој од келнерите) не им каже каде да седнат. Кои други бон-тон правила треба да ги знаете?

bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-vo-restoran-i-na-svechen-nastan-01.jpg

Кога сме во друштво на блиски пријатели или семејството, ретко кога размислуваме за бон-тон правила.

Но, ако сме на свечен настан или во ресторан, препорачливо е да обрнеме внимание на некои ситници.

Бон-тон правила со кои ќе ги импресионирате другите:

Правила за свечени настани

1. Доколку организаторот на настанот нема одредено места за седење, гостите треба да почекаат додека организаторот (или некој од келнерите) не им каже каде да седнат.

2. Дамите треба да седнат први, а мажите да им помогнат со столовите.

3. Ако некој доцни, гостите не треба да го чекаат повеќе од 20 минути. Доколку вие доцните, кога ќе стигнете, само извинете се и вклучете се во разговорот. Нема потреба да објаснувате зошто сте задоцниле.

4. Ако на масата има храна што не ја јадете од разни причини, не мора да им кажувате на сите - со ова ќе го навредите организаторот на настанот. Едноставно, не ја јадете таа храна.

5. Немојте да користите чепкалка за заби на масата, туку одете во тоалетот. Истото важи за секое останато средување, како поправање шминка.

bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-vo-restoran-i-na-svechen-nastan-02.jpg

Правила за користење прибор и нарачување

6. Приборот што ќе почнете да го користите не треба да го оставате на масата бидејќи ќе ја извалкате прекривката.

7. Немојте да го сечете целиот оброк на мали парчиња пред да почнете да јадете. Подобро е да го сечете секој залак посебно.

bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-impresionirate-site-vo-restoran-i-na-svechen-nastan-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg