Ново ТВ Шоу: Лидери
Лидери со Коста Петров, е најновиот ТВ проект на интернационалната креативна агенција Пи Ворлд позади која стои и едно од највисокобуџетните...
...македонски ТВ шоуа Агенти на Промените, кое се емитуваше на Канал 5.
Овој пат агенцијата во соработка со Алфа ТВ на македонските гледачи ќе им даде екслузивна можност да влезат во светот на некои од најмоќните светски и регионални лидери.
Премиерната епизода на Лидери со Коста Петров, ќе се емитува во Сабота, 10ти Декември на Алфа ТВ и вклучува екслузивно интервју со Српскиот Престолонаследник Александар Караџорџевиќ.
Снимена на Бели Двор на Дедиње, емисијата нуди единствена можност да се дознаат најнови детали околу егзилот на Принцот, неговиот конфликт со Тито и Милошевиќ како и неговите планови за враќање на кралскиот имот во Демир Капија.
Во следните епизоди гледачите на Алфа ТВ ќе имаат можност да видат и интервјуа со британскиот спин Доктор Алистер Кембел, Албанскиот Премиер Бериша како и екслузивно интервју со Латиф Јахја, двојникот на Удеј Хусеин, злобниот син на поранешниот Ирачки претседател Садам Хусеин.