Кога ќе исчезне Фејсбук...

koga-ke-iscezne-fejsbuk-povekjeЗамислете си, се будите наутро, го уклучувате компјутерот, и сакате да се логирате на Фејсбук – Фејсбук не постои?! Како ќе реагирате?


А, креираниот настан за кафана со другарите од средно? А, пораката што требаше да ви ја испрати поранешната колешка за вработување? А, на кого му е денес роденден?

Од сите работи на кои се сетивме, одвоивме 10 последици кои би настанале ако навистина исчезне Фејсбук.

1. Би останале без голем дел од пријателите. Стотици луѓе ќе исчезнат од нашите животи, како што се пријателите од средно и основно.

2. Ќе мора секој да си најде ново хоби каде ќе ја троши енергијата.

koga-ke-iscezne-fejsbuk-1

3. Вишокот време ќе може да го поминуваме учејќи или во наоѓање на работа. Да, да, време е да се облечете и да се потсетите како изгледа факултетот. Или на пример да си го подсредите CV-то.

koga-ke-iscezne-fejsbuk-2

4. Во фирмите би настанала паника. Што ли ќе се прави прво наутро? Како шпиунски ќе се пристапува до забранетиот Фејсбук ако веќе го нема?

koga-ke-iscezne-fejsbuk-3

5. Ќе настанат проблеми со следење на настаните и обврските во сопствениот живот. Кои настани требаше да ги следите? Имаше некој концерт? Од кој филм го имавте трејлерот на ѕидот? Како сега да се договориме за нешто воопшто?

koga-ke-iscezne-fejsbuk-4

6. Да не зборуваме пак за следењето на туѓите животи. Како ли ќе честитаме роденден? Што ќе си речат луѓето кога ќе заборавите? Како да се справиме со недостигот на љубомора која настанува кога гледаме нечиј фото албум и сфаќаме колку е убаво да се биде на Малдивите, во Париз или на скијање на Алпите?

koga-ke-iscezne-fejsbuk-5

7. Шансите за озбилна врка ќе се загрозат. Па, нели, не е доволно сериозно ако не е објавено на Фејсбук!

koga-ke-iscezne-fejsbuk-6

8. Големината на светот ќе се намали на големината на нашата соба. Нашата соба можеби е мала, но содржи многу нешта кои не сакаме да ги видиме.

koga-ke-iscezne-fejsbuk-7

9. Ќе сфатиме дека „боцкањето“ на другите е прилично глупав начин за почеток на дружењето.

koga-ke-iscezne-fejsbuk-8

10. Компјутерските игри би живнале, а градот и фармата ќе замрат.

koga-ke-iscezne-fejsbuk-9

На што уште можете да се сетите?

Би можело да ве интересира:

Докази дека жените поседуваат супер моќи, низ (смешни) илустрации Смешни илустрации кои ќе ве натераат да помислите дека жените навистина имаат су...
Дрво високо 115 метри, мост долг 160 километри - Кои се најголемите работи во светот? Највисокото дрво има дури 115 метри, додека најголемата природна пештера има дла...
15 луѓе кои направија пластична операција и конечно се среќни со изгледот „Операцијата на носот е најверојатно најдобрата одлука што сум ја донела во живо...
Поучна приказна за озборувањето која ќе ве научи како да се справите со „злобните јазици“ Мајка ми ми раскажуваше како се справила со пријателките што ја озборувале, со р...
Очекувања vs. реалност: „Што порачав онлајн, а што добив?“ Некои корисници на интернет покажаа што порачале онлајн, а што всушност добиле.....
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg