Значење на деновите во неделата
Секој ден во неделата носи добри или лоши можности, затоа што има одредено значење и влијание. Постојат разни учења кои објаснуваат кога...
...е поволно нешто да се работи, а кога не.
Постои и симболика на толкувањето која се поврзува со можностите кои постојат за секој ден поединечно.
Марс традиционално управува со вторник. Тогаш треба да се избегнува месо, расправии, полемики и дискусии.
Понеделник
Не треба да се започнува ништо важно, затоа што тоа е ден на Месечината за која се верува дека е многу променлива. Поволно е во понеделник да постат сите оние на кои во наталната карта Месечината им е во лош аспект.
Вторник
Ден за сите рутински работи кои однапред се одредени и договорени и кои не бараат посебна ментална активност. Со овој ден владее Марс.
Среда
Најдобар ден за кореспонденција, маркетиншки работи, средби и состаноци, преговори и кратки патувања. Тоа е ден со кој владее Меркур и се смета дека е добар за дружење и забава. Потпишувањето на документи одложете го за четврток.
Четврток
Со овој ден владее Јупитер кој е голем добротвор. На тој ден договарајте значајни работи. Склучувајте договори, правете финансиски трансакции, или учете. Четврток е најдобар ден за контакти со странство и долгорочно планирање.
Петок
Петок е ден на Венера и вистински момент да му се посветите на партнерот, децата и семејството. Одличен е за сите подготовки за викенд, одмор, масажа, забава, релаксација, шопинг.
Сабота
Сатурн владее со шестиот ден во неделата и тоа е ден кога треба својот дух и сила да им го дарувате на другите. Помогнете им на болните, загрозените, посетете ги бабите и дедовците, нахранете ги гладните, посетете ги гробовите. Пожелно е овој ден да постат сите луѓе што имаат Сатурнови аспекти во својот натален хороскоп. Исто така, добро е дел од денот да се помине во тишина, чистење и духовна работа.
Недела
Ден на Сонцето. Идеален ден за активен одмор, за семејството и планови за новата седмица.