Реченица за секој ден
А зошто да не почнете дневник? Не, не сте престари за такво нешто! Па има ли нешто позрело од одлуката да ги сочувате спомените? Особено за...
...тоа како сте размислувале во одреден период од животот.
Обидете се на наједноставниот можен начин - со само една реченица дневно. Добрата страна е што една реченица се пишува доволно брзо и обврската нема да ве оптовари, а сепак буквите нема да ви бидат ограничени како на Твитер :)
Изберете голема тетратка со цврсти корици и започнете уште денес! Секоја вечер пред спиење сведете си ги дневните впечатоци во една единствена реченичка и за неколку години ќе имате возбудливо четиво што ќе ги оживее старите спомени. Дури и најбаналните реченици како „Со X се начукавме во клубот Y“ по некое време ќе станат бесценето потсетување на луѓето со кои сте се дружеле и местата каде сте излегувале.
А да не зборуваме за можноста да прелистате наназад и да ја видите точната дата кога „Ми кажа дека ме сака“!
Ако помислата ви е чудна гледајте на ова како на пишување статуси упатени кон самите себе во иднината. Нешто меѓу фејсбук и патување во времето :) Овде не мора да стравувате од туѓите коментари ниту да подлажнувате за да изгребете некој „лајк“. А и старата проверена финта со криење дневник во фиоката за долна облека очигледно гарантира поголема приватност отколку Цукерберг и компанија :)
За почеток испробајте се во коментарите, која е вашата реченица за денес?
З. П. | Црнобело