Пар добил ќерка со ин витро од туѓ ембрион поради лекарска грешка: „Моравме да ја дадеме на биолошките родители, а се вљубивме во неа“
Пар од САД добил ќерка со ин витро оплодување, но девојчето воопшто не личело на нив – имало многу темна кожа и црна коса. Кога направиле ДНК тест, дознале дека девојчето не е нивна биолошка ќерка, односно дека поради грешка во клиниката, добиле дете од туѓ ембрион. Тие успеале да го најдат парот кој добил дете од нивниот ембрион и ги замениле децата.
Погрешното заменување на две бебиња во болница звучи како заплет од некоја шпанска сапуница. Но, слични вакви работи се случуваат и во реалноста.
Ин витро оплодувањето им дава можност на многу парови да станат родители. Но, што кога лекарите ќе направат грешка и ќе ги помешаат ембрионите?
Токму ова им се случило на два пара од Лос Анџелес – нивните ембриони биле помешани, па жените родиле деца кои не се воопшто нивни.
Дафна и Александер
Во 2019 година, Дафна и Александер Кардинале добиле ќерка со помош на ин витро оплодување.
Но, им било мошне чудно што девојчето воопшто не личело на ниту еден од нив. За разлика од нив двајцата, девојчето имало многу потемна кожа и црна коса.
Дафна и Александер со постарата ќерка и девојчето што го добиле со ин витро
Па, во ноември 2019-та, купиле домашен тест за ДНК (кој е достапен во САД) и откриле дека нивната ќерка не е во никакво сродство со ниту еден од нив.
Во тој миг парот сфатил и дека девојчето за коешто се грижеле и што го сакале, можеби ќе треба да му го дадат на вистинското биолошко семејство.
„Го носев ова дете. Го родив. Толку многу ја сакав што не ни помислив дека можеби не е наша“, сподели Дафна во интервју за People.
Постарата ќерка на парот и девојчето родено со ин витро
На Дафна и Александер им станало јасно дека штом тие добиле дете од туѓ ембрион, можеби друг пар добил дете од нивен ембрион.
За да дознаат што се случило, тие најмиле адвокат.
Кон крајот на 2019 година, Александер и Дафна ја дознале вистината – друг пар кој направил ин витро оплодување во истата клиника исто така добил дете кое е не е во сродство со нив.
Тие стапиле во контакт со парот кој им пратил фотка од нивната ќерка. Доволен бил еден поглед за Дафна и Александер да сфатат дека тоа е нивната биолошка ќерка, а истото го потврдиле и со ДНК тест.
Биолошката ќерка на парот
Дафна и Александар се сретнале со парот во канцеларијата на адвокатот. Таму се договориле да ги сменат децата, но ова не било воопшто лесно за ниту еден од нив.
„Во моментот кога ја фатив ќерка ми во раце и ја погледнав во очи, почувствував нешто многу моќно. Но, истовремено, бевме многу тажни што ја изгубивме ќерката што ја роди Дафна“, изјави Александер.
Првата средба на Александер со биолошката ќерка
Во ноември 2021-ва, Дафна и Александер поднеле тужба против клиниката.
Тие направиле спогодба со клиниката и лекарот во 2022-ра. Не е познато што се договориле, но наводно било докажано дека замената на ембрионите била ненамерна грешка.
Постарата ќерка со деовјчето родено со ин витро
Со другиот пар пак, останале во добри односи и честопати се гледаат.
„Нема книга или прирачник за ова. Нема кој да ти даде совет. Ние четворица заедно минуваме низ ова, а вистински благослов е што сме на иста страница.
Оттогаш го минуваме секој празник заедно, секој роденден сме заедно и, на некој начин, станавме како едно големо семејство“, вели Александер.
Двете девојчиња
Спирова С. | Црнобело