Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Морничави нерешени мистерии од реалноста кои ќе ве држат будни навечер

Куки Џејкобсон

Најморничавото во овој случај е мислењето на надлежните дека Куки Џејкобсон е убиена од нејзините деца.

Во 1998 година, тогаш 49-годишната Куки исчезнала од нејзиниот дом, оставајќи ги сите нејзини работи, вклучувајќи ги 16-годишниот син и 13-годишната ќерка.

Десет дена откако почнала истрагата, син ѝ Арон ѝ кажал на полицијата дека ја нашол мајка му мртва во спалната соба.

Бидејќи со сестра му се исплашиле дека ќе ги обвинат за убиство, ѝ го завиткале телото во чаршаф и го фрлиле во контејнер зад нивната куќа.

Во контејнерот навистина имало крв, но не и телото на Куки. Па, ова не бил доволен доказ дека Куки е мртва.

Пријател на Арон за полицијата изјавил дека тој и сестра му сакале да ја убијат мајка им. Истовремено, Куки имала лош однос со децата, но немало докази дека ги малтретира.

Арон и сестра му биле уапсени, но подоцна ослободени бидејќи немало доволно докази.

До денес, случајот е отворен, а Арон и сестра му се водат како осомничени.

mornichavi-neresheni-misterii-koi-kje-ve-drzhat-budni-navecher-08.jpg

Нерешени убиства во Британска Колумбија

Во Британска Колумбија, Канада, има автопат кој е познат како „Автопатот на солзите“ поради многуте исчезнувања и убиства на жени во негова близина.

Од 1970-тите, па сè до денес, бројни жени исчезнале или биле најдени убиени во оваа област. Некои веруваат дека станува збор за околу 18 жени, додека некои организации тврдат дека овој број е поголем од 40.

Повеќето од нив се жени од домородно население.

mornichavi-neresheni-misterii-koi-kje-ve-drzhat-budni-navecher-09.jpg

Досега се обвинети неколку лица за исчезнувањата и убиства, вклучувајќи и тројца сериски убијци.

Надлежните имаат изјавено дека имаат и други осомничени, но немаат доволно докази за ниту еден од нив.

Истовремено, надлежните велат дека можеби никогаш нема да ги решат исчезнувањата и убиствата, како и дека никогаш нема да се дознае дали ги извршила една личност.

mornichavi-neresheni-misterii-koi-kje-ve-drzhat-budni-navecher-10.jpg

Џил Дандо

Џил Дандо била позната новинарка и ТВ водителка од Англија.

На 26-ти април 1999-та, кога имала 37 години, Џил била застрелана и убиена, и тоа пред нејзиниот дом, среде бел ден.

Со ова почнала една од најголемите истраги за убиство во Лондон.

mornichavi-neresheni-misterii-koi-kje-ve-drzhat-budni-navecher-11.jpg

По некое време, полицијата уапсила маж – Бери Џорџ – кој живеел во близина на Џил.

Бери добил казна затвор, но по осум години добил право на ново судење.

Доказите против него биле скоро непостоечки, по што бил ослободен.

До денес, полицијата не само што нема претстава кој е убиецот, туку нема најдено ниту еден осомничен по Бери.

mornichavi-neresheni-misterii-koi-kje-ve-drzhat-budni-navecher-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

11 фото-докази дека мажите може да бидат ужасни за соживот Oд јадење на питата од средина до хаос после нивниот кулинарски подвиг во кујнат...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg