Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува
Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за нивно добро, додека други веруваат дека нивниот ангел чувар е некој нивен близок кој е починат. Чуден мирис, шепотење, пецкање на врвот на главата се само дел од знаците преку кои ангел чуварот се обидува да комуницира со вас, веруваат некои луѓе.
Верниците веруваат дека никој не патува сам по овој свет. Секој од нас има ангел чувар кој внимава на нас. Тие се убедени дека некој ги чува на овој свет.
Според православната вера, постојат ангели чувари кои се грижат за нашите животи, особено кога ќе се изгубиме на нашето „патување“. Некои луѓе веруваат во тоа, а некои се двоумат.
Верувањето во ангели чувари датира од античко време. Во античката грчка филозофија било вообичаено верувањето дека Бог испраќа дух чувар на секој човек.
Црковните отци не се целосно доследни околу тоа дали ангелите чувари постојано се грижат или не за секој поединец, така што ова не е вклучено во „статиите на верата“, иако идејата е јасно видлива и во Стариот и во Новиот завет.
Концептот на ангел чувар е јасно видлив во Стариот завет, а неговиот развој е јасно обележен. Според Стариот завет Божјите ангели се помошници, а понекогаш и специјални гласници кои се занимаваат со личности или световни должности.
Во Новиот завет, концептот на ангел чувар може да се следи попрецизно. Ангелите се насекаде посредници меѓу Бога и луѓето.
Муслиманите веруваат во Муакиб. Според многу муслимани, секој човек има два ангели чувари, по еден на секоја страна.
Идејата дека ангел чувар внимава на секој од нас може да биде голема утеха. Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за нивно добро, додека други веруваат дека нивниот ангел чувар е некој нивен близок кој е починат.
Ангелите постојат на различна вибрациска фреквенција од луѓето, па затоа многумина од нас не можат да ги видат, иако можеме да го почувствуваме нивното присуство.
Ова се некои од знаците кои верниците со години ги опишуваат, а кои укажуваат дека вашиот ангел чувар ве посетил:
Сонувате дека ве посетил ангел чувар
Соништата често се сметаат за прозорци на душата, но тие исто така може да укажуваат на присуство на вашиот ангел чувар.
Луѓето кои веруваат во ангели велат дека ангел чувар може да ве посети во сон за да ве извести дека ве чува.
На овој начин тој се обидува да ви пренесе некаква порака или едноставно сака да ве охрабри со своето присуство.
Се менува температурата во собата
Доколку почувствувате нагли температурни промени во просторијата, ангелот чувар е некаде во ваша близина.
Исто така може да се наежите или да почувствувате скокот во вратот.
Некои луѓе чувствуваат необично пецкање. Други пак чувствуваат ненадејна топлина. Луѓето веруваат дека сето ова е знак дека вашиот ангел се обидува да ве прегрне.
Одеднаш забележувате сладок мирис
Станува збор за необичен мирис кој никогаш претходно не сте го почувствувале и веројатно нема да можете да го идентификувате.
Ако не можете да го објасните неочекуваниот, но пријатен мирис, тоа може да биде знак дека ангел чувар е во ваша близина.
Луѓето кои го доживеале ова велат дека со испраќањето на тие слатки мириси ангелот се обидува да ве допре, односно дава до знаење дека е во близина.
Се појавуваат невообичаени светла
Ако забележите зраци на светлина кои доаѓаат од другиот крај на собата или ако забележите сенки, не плашете се, нема да видите ангел додека не сте подготвени за тоа, а ни ангелите не сакаат да ви наштетат.
Повеќето луѓе не се свесни за тоа и секој ангел е поврзан со различна боја што ја дефинира неговата енергија.
Со носење облека во таа боја се смета дека ги покануваме во нашите животи.
Исто така, со користење на иста боја тие можат да ве известат дека се блиску.
Ако случајно гледате една иста боја каде и да се свртите, не го игнорирајте овој знак. Неколкупати е случајност, но ако постојано се случува, тогаш дефинитивно значи нешто.