Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува
Слушате шепотење
Ако слушнете шепотење или многу нејасен глас, испратете му ментална порака на ангелот да зборува погласно.
Немојте веднаш да претпоставувате дека гласот што го слушате е само плод на вашата имагинација.
Наоѓате бели пердуви
Извадок од книгата на Џеки Њукомб „Дали го познаваш твојот ангел чувар“ гласи: „Пердувот е сигурен и нежен начин за твојот ангел да ти покаже дека е со тебе. Тоа е еден од најчестите знаци на ангелско присуство“.
Белиот пердув може да се појави на најневеројатните места, а верниците велат дека се појавува во моменти на најголема потреба.
Ова е знак велат, дека ангелот ви кажува дека е со вас и дека не сте сами.
Чувствувате како да има некој во собата заедно со вас
Се чувствувате како некој штотуку да поминал покрај вас или да стои веднаш до вас. Постојат многу физички знаци што можете да ги барате, но никогаш не ја потценувајте моќта на сопствената интуиција и личното искуство.
Понекогаш едноставно знаете дека некој е наоколу. Ако тоа чувство е придружено со чувство на удобност и сигурност, можеби имате ангел во ваша близина.
Исто така, можно е да почувствувате како некој да има ставено рака на вашето рамо.
Чувствувате пецкање на врвот на главата
Ова е едно специфично чувство за кое зборуваат многу луѓе - чувство на пецкање во задниот дел од главата.
Може да се појави во форма на ненадејна топлина или лесна вкочанетост.
За таквото трнење или пецкање многумина сметаат дека може да биде знак дека вашиот ангел чувар сака да комуницира со вас.
С. Ш. | Црнобело / фото: depositphotos.com