Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кои лоши (и одвратни) навики на луѓето се штетни, а кои сепак не се така опасни?

Додека пцуењето може да ви помогне да се ослободите од негативните емоции, позајмувањето туѓа четка за заби носи безброј ризици по здравјето... Кои лоши навики се навистина лоши, а кои сепак не се толку опасни?

koi-loshi-i-odvratni-naviki-se-shtetni-a-koi-sepak-ne-se-taka-negativni-01.jpg

Пцуење, грицкање нокти, немиење раце – веројатно нема личност која нема барем една навика што генерално се смета за лоша, па и одвратна.

Додека дел од овие навики се нарекуваат лоши со причина и можат да ни наштетат, постојат и оние од кои не трпиме некои последици.

Британскиот медиум The Sun ги пренесува мислењата на доктор Дебора Ли во врска со лошите навики што се најчести.

Кои лоши навики не се толку негативни?

Пцуење

Од најрана возраст нè учат дека пцуењето е лошо и дека ова се зборови што никогаш не треба да ги користиме.

Сепак, на повеќето од нас ни се случило да кажеме некоја пцост, особено кога сме гневни.

Според д-р Дебора, пцуењето може да ни биде од корист.

„Интересно е, психолозите веруваат дека пцуењето е добро за нас. Ова е всушност начин да ги ослободиме потиснатите емоции. Ни помага да го контролираме гневот“.

koi-loshi-i-odvratni-naviki-se-shtetni-a-koi-sepak-ne-se-taka-negativni-02.jpg

Прескокнување туширање

Освен ако не се испотите од физичка активност или многу топло време, генерално доволно е да се туширате на секои два-три дена.

„Со секое туширање, ги отстрануваме природните масла кои ја штитат кожата. Со често туширање, кожата може да биде сува и да чеша, а алергените полесно да навлезат во нејзините слоеви, со тоа предизвикувајќи дополнителна иритација.

Кога многу често ја миете косата, се суши и станува кршлива. Скалпот може да стане сув и да ве чеша“.

koi-loshi-i-odvratni-naviki-se-shtetni-a-koi-sepak-ne-se-taka-negativni-03.jpg

Мокрење за време на туширање

Мокрењето додека се туширате освен што е малку одвратна навика, не може да предизвика проблем.

Сепак, некои експерти веруваат дека може да ги ослаби карличните мускули.

„Урината е стерилна, па не можете да фатите инфекција од тоа. Ако веќе имате инфекција, ќе го знаете тоа бидејќи симптомите секогаш се изразени.

Сепак, урината има непријатен мирис, па ако мокрите додека се туширате, ќе мора добро да се измиете“, вели д-р Дебора.

koi-loshi-i-odvratni-naviki-se-shtetni-a-koi-sepak-ne-se-taka-negativni-04.jpg

Кои лоши навики се навистина штетни?

Грицкање нокти

Голем дел од населението мака мачи со оваа навика која може да биде и штетна.

„Грицкањето може да резултира со искривување на ноктите и инфекции, хронично скратување на ноктите и префрлање на инфекции од дланките во устата.

Може да доведе и до инфекции со глисти, ешерихија коли и салмонела“, вели д-р Дебора.

koi-loshi-i-odvratni-naviki-se-shtetni-a-koi-sepak-ne-se-taka-negativni-05_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 навики кои имаат лоша репутација, но всушност се добри за вас Да се биде мрзелив од време на време и да не се прави ништо – понекогаш навистин...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Фото докази од луѓе кои имале една работа – и не успеале да ја завршат како што треба Кога вработените во маркет целосно ќе ги промашат производите и ќе ги стават на ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg