Кои лоши (и одвратни) навики на луѓето се штетни, а кои сепак не се така опасни?
Немиење раце по одење во тоалет
Никако не треба да го прескокнувате миењето раце по одење во тоалет бидејќи тогаш на вашите раце има 200 милиони бактерии.
„Миењето раце го намалува ризикот од дијареја и повраќање до 40%, како и ризикот од респираторни болести за 21%“, вели д-р Дебора и препорачува да ги миеме рацете со сапун околу 40 секунди.
Џвакање коса
Слично како грицкањето нокти, и џвакањето на косата може да предизвика низа проблеми.
„Ова може да резултира со влакна во стомакот кои предизвикуваат болка, гадење, повраќање, дијареја, констипација и затнати црева“.
Според д-р Дебора, во екстремни случаи може да биде потребна и операција да се отстранат влакната од стомакот.
Чепкање на носот
Во пикот на пандемијата, луѓето кои имале навика да си го чепкаат носот имале поголем ризик да се заразат со коронавирусот.
„Во една анкета, 91% од испитаниците признаа дека некогаш го чепкаат носот. Ако често го чепкате носот или имате долги, остри нокти, може да предизвикате крвавење и оштетување на носниот канал.
Може да се јават респираторни или инфекции на синусите и, во ретки случаи, згрутчување на крвта“.
Користење туѓа четка за заби
На сите ни се случило да заборавиме четка за заби кога преспиваме настрана од дома. Во вакви ситуации, многумина сметат дека нема ништо лошо во тоа еднаш да ја искористат четката на партнерот или добар пријател.
Сепак, ова не е препорачливо.
„Секојпат кога ја користите, на четката за забите остануваат бактерии. На една четка може да има над 100 милиони бактерии, вклучувајќи ешерихија коли, кои предизвикуваат инфекции.
Постои и ризик да се заразите со хепатит Ц користејќи туѓа четка“.
Спирова С. | Црнобело