Најемотивното запросување на светот: Побарал дозвола од татко ѝ пред да почине, идната невеста тргоната и во солзи
„Тоа е тоа. Капа доле, ова е најубавото запросување на светот“, се само дел од коментарите под видеото од ова запросување.
Емотивно видео на кое еден маж ја запросува својата девојка со аудио снимка од нејзиниот покоен татко, кој му дава свој благослов да ја земе за жена, само неколку дена пред да почине, стана вирално и е прегледано повеќе од 21 милион пати на социјалната мрежа Тик Ток.
На снимката се гледа како неименуван маж клекнува на колена и ја запросува својата девојка Емили.
Тој ѝ го покажува свршеничкиот прстен додека од телевизорот продира гласот на нејзиниот татко, кој му дава благослов на момчето да се ожени со неговата ќерка. Идната невеста трогната почнува да плаче.
Видеото на Тик Ток беше споделено од дигиталната креаторка Хана Шиби, која е позната по тоа што објавува емотивни видеа.
Видеото започнува така што парот гледа телевизија, а идната невеста седи на местото кое е најблиску до екранот, додека нејзиното момче седи зад неа.
На екранот се пушта аудио снимка на која се слуша гласот на нејзиниот татко.
Емили, која е видно шокирана се врти кон нејзиниот иден сопруг, кој се подготвува да клекне на колена.
Нејзиниот покоен татко на снимката вели:
„Синко, ја имаш мојата дозвола, онолку колку што можам да ти дадам за ова кратко време што ми преостанува.
Знам дека ја сакаш Емили и знам дека ќе се грижиш за неа. Бог да Ве благослови и го имате мојот благослов“.
По слушањето на пораката Емили ја прекрива устата со рацете, се врти кон сопругот кој веќе е на колена и започнува да плаче.
„Знам колку ти беше важно да добијам дозвола од твојот татко, а тоа можев да го направам пред само неколку дена. Ќе се омажиш ли за мене?“, вели тој.
Со солзи во очите, Емили одговара: „Да“.
Видеото ги трогна сите кои го погледнаа.
„Тоа е тоа. Капа доле, ова е најубаво запросување на светот“, „Ништо не може ова да го надмине“, „Плачам“, „Колку добар човек“, гласат само некои од коментарите под објавата.
Погледнете ја оваа емотивна сцена:
@hannahschibicreations Her dad passed away but he was still able to get his blessing 🥺 #viral #proposal #couplegoals #hearttouching @Reclip
♬ original sound - Hannah Schibi
С. Ш. | Црнобело