Решение за неверни мажи
Ако веќе сте се нашле во ситуација да ја лажете вашата партнерка, правете го тоа интелигентно. Така размислува еден стриптиз клуб од Јужна Африка...
...кој лансираше нова линија колонска вода за неверните мажи.
Парфемот се вика Алиби и мириса на лага. На пример, ако сте „работеле до касно“ тука е истоимениот парфем кој мириса на кафе, цигари, мастило и волнено одело.
Ако „ви се расипала колата“ постои парфем и за ова. Тој мириса на челик, масло, запалена гума и гориво. Ако сте спортски тип, па сте „сурфале“ имате парфем кој мириса на океан, крема за сончање и слама.
Клубот кој ги нуди овие мириси се вика "Maverick's Revue Bar" и се наоѓа во Кејп Таун.
Можеби ќе сака некој да го увезе и кај нас?