12 знаци дека сте многу позрела личност отколку што мислите

Им покажувате емпатија на другите наместо да ги осудувате и кажувате „не“ без чувство на вина... Кои се другите знаци дека сте многу позрела личност отколку што ви се чини?

12-znaci-deka-ste-mnogu-pozrela-lichnost-otkolku-shto-mislite01.jpg

Со текот на времето, секој од нас созрева, но некогаш ни е тешко да се убедиме дека и ние сме станале зрела личност.

Сепак, ако се препознаете во следниве знаци, вие дефинитивно сте созреале:

1. Иако не ги сакате сериозните разговори за проблематични теми, не ги избегнувате. Напротив, дури и инсистирате да се разговара кога има некој проблем.

2. Некогаш се чувствувате навистина мизерно, но го прифаќате тоа како нормален дел од животот. Не ги криете емоциите и знаете дека одвреме-навреме секако дека ќе имате лош ден.

3. Генерално им покажувате емпатија на другите наместо да ги осудувате. Дури и кога ќе направат нешто што воопшто не ви се допаѓа, пробувате да сфатите зошто го направиле тоа пред да им судите.

4. Повеќе не им се лутите на луѓето кои ве повредиле. Можеби не сакате никаков контакт со нив и повеќе не се во вашиот живот, но јасно ви е дека лутината само ви штети вам.

12-znaci-deka-ste-mnogu-pozrela-lichnost-otkolku-shto-mislite-02.jpg

5. Повеќе не трошите време и енергија за да ги импресионирате луѓето кои само ве потценуваат. Помирени сте со фактот дека некои луѓе, едноставно, нема да ве сакаат и дека тоа е сосема во ред.

6. Не чекате до последен миг за да направите нешто. Одговорни сте и навреме ги завршувате обврските, дури и оние кои навистина не ги сакате.

7. Повеќе сакате да бидете сами отколку во друштво на луѓе кои не ви се допаѓаат. Почнувате да ги цените моментите на самотија и знаете да уживате во своето друштво.

8. Читате повеќе, и тоа не само книги. Го надградувате вашето знаење и не се држите само до една област.

12-znaci-deka-ste-mnogu-pozrela-lichnost-otkolku-shto-mislite-03.jpg

9. Се држите до вашите ставови и верувања, но признавате кога ќе погрешите. Не дозволувате туѓите бесмислици да имаат влијание врз вашето мислење, но секогаш имате и доза критичност кон себе.

10. Си дозволувате да ги следите вашите страсти, без да ви е грижа што ќе речат или помислат другите. Гo правите она што ви причинува задоволство, без разлика дали тоа е некој спорт, пишување, цртање или што било друго.

11. Се облекувате за себе. Не носите некоја облека само затоа што е тренди или затоа што сакате да ги импресионирате другите. Имате изградено свој стил и најважно ви е вие да се чувствувате убаво во тоа што го носете.

12. Кажувате „не“ без чувство на вина. Го цените вашето време и не го трошите залудно само за да и удоволите на другите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност „Не грижи се, сега е на подобро место“ или „Немој да плачеш“ се фрази кои треба ...
Погрешно vs. правилно: Инфлуенсерка открива трикови за позирање за совршени Инстаграм фотки Наместо да застанете свртени со грб кон камерата и да се завртите благо наназад,...
8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Сигурни знаци дека некој ве лаже, според ФБИ агент Кои знаци може да ги разоткријат личностите што се обидуваат да ве излажат? На к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg