7 начини да го започнете денот свежи и одморени

7-nacini-da-go-zapocnete-denot-svezi-i-odmoreni-povekjeДенот секогаш треба да го започнете одморени, затоа што нема причина после 6 часа спиење да бидете ненаспани, уморни или поспани. Ако сепак...


...се будите поуморни отколку кога сте си легнале во кревет, можеби проблемот е во начинот на кој го започнувате денот.

1. Појадувајте. Започнете го денот со здрав појадок кој ќе ви даде енергија.

7-nacini-da-go-zapocnete-denot-svezi-i-odmoreni

2. Музика. Пуштете си ги омилените песни додека се подготвувате за на работа/училиште/факултет.

3. Не претерувајте со кофеинот, особено ако го консумирате на празен желудник, или во доцните вечерни часови. Би било убаво кога кафето би го замениле со здрави пијалаци кои даваат енергија – чаша млеко со мед, чај со цимет, свежо исцеден сок...

4. Вежбање. Не мора тоа да бидат тешки вежби. Ако ништо друго барем истегнете се. Или, одете пеш до вашата дестинација.

5. Средете си ја собата. Навечер средете го хаосот од алишта, книги, хартии и чевли низ собата. Подгответе си што ќе облечете наредниот ден. Утрото ќе ви биде далеку попродуктивно ако не мора да „копате“ низ плакарот за да најдете соодветна облека.

6. Потрудете се алармот да го ставите малку подалеку за да мора да станете за да го исклучите. Пробајте да не ја користите опцијата „снуз“.

7. Доброто држење е многу важно. За енергијата да функционира правилно низ телото, важно е да се држите исправени.

Ви посакуваме убав ден...

Би можело да ве интересира:

Најлошите работи околу стареењето (кои најверојатно никој не ви ги кажува) „Чувството како времето минува и има шанси да не успеете да отпатувате на местат...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Каква би била реалноста ако жените си ги сменат улогите со мажите, низ илустрации Што ако се сменат улогите и жените почнат како (некои) мажи да зборуваат дека мо...
Како да препознаете емоционално незрела личност (и како да постапите со неа)? Избегнувањето конфликти и незнаењето како да се постапи во одредени ситуации или...
Исчезнати авиони, ни трага од патниците – Најголемите мистерии во воздухопловството На 8 март 2014 година, летот MH370 на Malaysia Airlines полета од Куала Лум...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg