9 причини зошто животот на Малдиви е тежок (и е далеку од рај за локалците)

Храната што ја јадат локалците е еднолична, основните трошоци можат да бидат многу високи, а водата е ресурс што речиси и го нема – животот на Малдивите е далеку од совршен.

9-prichini-zoshto-zhivotot-na-maldivi-e-tezhok-i-e-daleku-od-raj-za-lokalcite-001.jpg

Малдивите се дестинација за којашто сонуваме сите.

Плажите, океанот и топлото време се само дел од работите што ги прават овие острови привлечни.

Но, додека летувањето на Малдивите може да биде совршено, животот таму е многу поразличен и потежок.

Докази дека животот на локалците е далеку од совршен:

Водата е скап ресурс

Малдивите се опкружени со вода, но проблем претставува водата за пиење.

Изворите на вода за пиење се малкубројни, а ситуацијата дополнително се влошува поради климатските промени.

Малдивите се едни од најниските острови се наоѓаат на околу еден метар надморска височина. Токму ова ги прави поподложни на последиците од климатските промени.

9-dokazi-deka-zhivotot-na-maldivite-ne-e-kako-vechen-leten-odmor-02.jpg

Тешко се наоѓаат секојдневни предмети

Предметите што нам ни се секојдневие можат да бидат реткост на Малдивите.

Бидејќи голем дел од овие предмети се увезуваат, или ги има малку, или се многу скапи.

На пример, на некои места обична маска за нуркање може да достигне цена од над 60 долари.

Некои предмети, пак, како отворачи за конзерви, е речиси невозможно да ги најдете по продавниците.

Истото важи и за продуктите за нега и хигиена – иако се достапни, изборот е многу ограничен.

9-dokazi-deka-zhivotot-na-maldivite-ne-e-kako-vechen-leten-odmor-03.jpg

Храната е еднолична

Генерално, исхраната на локалците се состои од риба и ориз.

Одгледувањето овошје и зеленчук претставува предизвик поради недостатокот од вода, па на Малдивите нема големо производство.

Нормално, можат да се најдат увезени продукти кои или ќе се распродадат брзо или ќе бидат многу скапи.

Што значи, веганите и вегетаријанците тешко би се снашле на Малдивите.

9-dokazi-deka-zhivotot-na-maldivite-ne-e-kako-vechen-leten-odmor-04.jpg

Трошоците за живот се многу високи

Во просек, на четиричлено семејство ќе му бидат потребни над 1.000 евра месечно за да живее во град на Малдивите.

Просечната плата се движи околу 300 евра, што значи не е ни приближно доволна.

Покрај тоа, градовите се многу бучни, дури и доцна навечер, и се далеку од мирот што си го замислуваме на Малдивите.

9-dokazi-deka-zhivotot-na-maldivite-ne-e-kako-vechen-leten-odmor-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Низ фотки - Како изгледал светот во 1925-та и што се случувало пред 100 години? Во 1925 година животот на луѓето изгледал многу поразлично од ова што ние го зна...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg