Зошто не треба да ги покривате рацете на детето со крпа откако ќе излезе од базен? (видео)

Според инструкторка за пливање, кога сте на базен со вашето дете, немојте да му ги покривате рацете со крпата – во случај да падне во базенот, мократа крпа ќе му ги зароби екстремитетите.

zoshto-ne-treba-da-gi-pokrivate-racete-na-deteto-so-krpa-otkako-kje-izleze-od-bazen-video-01.jpg

Ники Скарнати од САД е сертифицирана инструкторка по пливање за деца.

На ТикТок ја следат над 15.000 корисници, а одвреме-навреме споделува и совети за родители.

zoshto-ne-treba-da-gi-pokrivate-racete-na-deteto-so-krpa-otkako-kje-izleze-od-bazen-video-02.jpg

Во едно од нејзините видеа, Ники објаснува зошто не треба да ги покривате рацете на вашето дете со крпа откако ќе излезе од базен.

Ники вели дека и самата ја правела оваа грешка, пред да сфати дека може да биде опасна.

zoshto-ne-treba-da-gi-pokrivate-racete-na-deteto-so-krpa-otkako-kje-izleze-od-bazen-video-03.jpg

„Ќе ви покажам како правилно да ја замотате крпата околу вашето дете. Сум го видела ова многупати, а и јас како родител го правев без да сфатам дека е проблематично.

Кога децата ќе излезат од базен, сакаме да ги завиткаме во крпата. Но, ако паднат во базенот, нивните екстремитети ќе бидат заробени под мокра крпа.

Па, кога ќе излезат од базенот, исушете им ги рацете, но ставете ја крпата под нивните раце. На овој начин, ако завршат во водата, сепак можат да ги користат екстремитетите за да се спасат и се многу побезбедни“, вели таа.

@scarnati.swim

Thats right! Make sure your towel is UNDER your littles arms. NOT on top. Follow along for more water safety content 🥰 #selfrescue #selfrescueswimming #selfrescueswim #watersafety #drowningpreventionawareness #drowningprevention #springhillisr

♬ original sound - Nikki Scarnati

Во коментари, некои родители се согласуваат со мајката, а споделија и друга причина зошто Ники е во право:

„Исто така, ако се сопнат, на овој начин ќе можат да се додржат на раце пред да паднат на земјата“.

„Можам да потврдам дека ова е точно. Кога имав 2 години, паднав во длабокиот дел од базен со крпа врз рацете и мораа да ме спасуваат“.

„Одлична идеја! Јас му купив мала бањарка на син ми, па неговите раце се покриени, но сепак е подвижен“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Пливањето со полн стомак е опасно – Најчестите летни митови во кои веруваме сите Доколку го чувате кремот за сончање од минатата година, веднаш фрлете го. Раната...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg