7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани

Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слободна. Кои бон-тон правила треба да ги почитувате кога сте во ресторан или на некоја свеченост?

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-01.jpg

Можеби многу бон-тон правила ни изгледаат бесмислено, но голем дел од нив постојат со причина.

Некои се практични, а со некои, едноставно, им покажуваме почит на другите.

Бон-тон правила за во ресторан и свечености:

Едната рака секогаш нека ви биде слобода

Ако сте на свечен настан со шведска маса, каде што присутните генерално стојат, осигурете се дека едната рака секогаш ќе ви биде слободна.

На ваквите настани е очекувано да се запознавате и да се поздравувате со многу луѓе, па едната рака секогаш ќе ви биде потребна.

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-02.jpg

Не го порачувајте најскапиот оброк кога некој друг ја плаќа сметката

Дури и да сте на маса со најбогата личност што ја познавате, воопшто не е учтиво да го порачате најскапиот оброк на менито.

Освен ако тој што плаќа не инсистира да порачате нешто скапо, држете се до поевтините опции.

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-03.jpg

Подавајте ја храната во насока на стрелките на часовникот

Кога сте на маса и подавате нешто, како леб, секогаш почнете во насока на стрелките на часовникот.

Прво понудете му на оној од вашата лева страна, па на тој од десната. Тој од десната треба да продолжи понатаму.

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-04.jpg

Во ред е да оставите храна во чинијата

Ова генерално зависи од државата во којашто се наоѓате. Па, ако одите во странство, истражете дали е навредливо ако оставите храна во чинијата.

Ако во државата нема таква културна норма, не се присилувајте да изедете сè.

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-05.jpg

Држете ја шолјата кафе или чај со двете раце

Со едната рака треба да ја фатите дршката на шолјата, а со другата нежно да ја држите на дното.

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-06.jpg

Пијте од една страна на чашата

Со секоја голтка оставате дамки на чашата, особено ако имате кармин.

Па, за чашата да не изгледа многу валкано, пијте само од едната страна.

Исто така, кога пиете, немојте да ја кревате чашата повисоко од линија на очите.

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-07.jpg

Слободно кажете му на келнерот ако направи грешка во нарачката

Кога се преплавени со работа, нормално е келнерите некогаш да направат грешка во нарачката.

Можно е и храната да е пресолена или да има состојка што сте нагласиле да не ви ја стават.

Во ваква ситуација, не двоумете се дали да ја вратите нарачката. Но, направете го тоа културно – извинете се и замолете го келнерот и немојте да правите сцени.

7-bon-ton-pravila-za-vo-restoran-i-na-svecheni-nastani-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 работи кои ги правите на доктор, а не треба (не се според бон-тон) Не го откажувате терминот на „Мој термин“, прашувате за здравјето на други пацие...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Креативно или „кич“: Луѓе споделуваат необично сервирана храна во ресторани (фото) Пијалак во конзерва од супа, кафе во шолја која личи на тоалетна школка… Сте вид...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg