Марихуаната низ Европа

marihuanata-niz-evropa-povekjeМарихуаната е прифатена и легална во многу градови низ светот. Во Европа постојат градови каде е сосема природно да се шетате со џоинт по улиците.



Еден веб сајт објави краток водич за неколку европски градови:

marihuanata-niz-evropa

1. Берлин (оцена на толеранција 4,9). По закон можете да поседувате 20 грама марихуана за лични потреби. Полицијата не смее да ве закача додека не дувате на јавни места, но и ова може да го правите ако не сте многу нападни. Тревата може да се набави во улицата Oranienburger. Пристојна количина се купува и за 10 евра. Најчесто место каде слободно уживаат во марихуана се берлинските паркови. Овде може да се купи и пивото Turn кое исто така е „зачинето“.

2. Прага (оцена на толеранција 4). По законот, Чешка е многу толерантна. Чесите смеат да одгледуваат кока и 40 видови на халуциогени печурки. Легална количина која некој може да ја поседува е 15 грама марихуана или 1,5 грам хероин. Трева може да се купи секаде и по улиците од пријателски настроени дувачи.

3. Амстердам (оцена на толеранција 5). Секој полнолетен смее сосема легално да консумира марихуана и може да купи до 5 грама во кофи шопови. Полицијата не ги закача консументите иако не изгледа баш вкусно дувањето во пристојните делови на градот. Не смее ништо да се изнесе надвор од границите затоа што сите се добро претресени.

4. Виена (оцена на толеранција 4,5). Ако некој пуши марихуана и не прави проблеми, никој не го закача ниту пак може да биде приведен. Но, полицијата овде е расистички настроена и сака да ги претресува оние кои имаат темна кожа. Rabensteig се вика делот за забава познат како „Бермудски триаголник“.

5. Будимпешта (оцена на толеранција 2). Полицијата има право да ве претресе без оглед дали сте дилер, одгледувач или пак само консумент. Оние кои консумираат добиваат само опомена и не одат во затвор. Трева најлесно се наоѓа на островот Hajogyari Sziget. Најквалитетна поседуваат луѓето кои делуваат како да имаат африканско потекло.

6. Истанбул (оцена на толеранција 2,8). Иако е забрането консумирањето, 30% од жителите добро се запознаени со марихуаната, а редовно ја земаат 15% од населението. Никој не ги допира туристите, но не смее да се пуши на јавни места. Дозволуваат да пробате пред да ја купите.

7. Букурешт (оцена на толеранција 1). Законите се строги. За само еден грам се оди во притвор, а казните за конзумација се движат од 3-5 години затвор. Трева се наоѓа многу тешко.

Би можело да ве интересира:

Брчки, здебелени, со седа коса - Како би изгледале денес починатите познати личности? Мерилин Монро, Витни Хјустон, Робин Вилијамс - малку бизарна, но интересна можно...
6 луѓе откриваат кои се најголемите тајни што ги кријат од саканите „Со клуч намерно му го изгребав автомобилот на сопругот, а тој и ден-денес е убе...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
Чекор по чекор: Направете лампи од тикви за Halloween (без да се повредите) Користете притискачи за ѕид за да си ја олесните работата. Кога го правите дизај...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg