5 брзи психолошки трикови со кои ќе ги натерате другите да го прават тоа што сакате
„Кога мислите дека некој ве лаже, само погледнете го во очи и не велете ништо, само молчете“ – е еден од советите што се најдоа на листата на петте брзи психолошки трикови со кои можете да се послужите за да влијаете врз однесувањето на луѓето околу вас.
На Инстаграм профилот Businessgrowthmentor е објавена листа од пет кратки психолошки трикови за тоа како да им влијаете на луѓето да го променат однесувањето кон вас.
Како да реагирате кога некој ве навредува, но и како да знаете само со поглед дека некој ве сака?
Пет кратки психолошки трикови што може многу да ви помогнат:
1. Кога некој ќе ве навреди, застанете, погледнете го во очи и речете му: „Дали си добро?“;
2. Кога мислите дека некој лаже, погледнете го во очи и молчете;
3. Кога се расправате, обидете се да го држите тонот тивок и смирен, на тој начин ќе оставите впечаток дека сте победници;
4. Доброто држење на телото ја зголемува самодовербата. Раширете се и зафатете повеќе простор, тоа ќе ви ја зголеми самодовербата;
5. Запомнете зениците се шират кога зборувате со личност што ја сакате, па на тој начин може да откриете кој ве сака;
Б. С. Б. | Црнобело