13 бон-тон правила што секоја дама треба да ги следи

Кога сте во јавност, пробувајте да ги контролирате вашите емоции. На пример, дефинитивно нема да изгледате како дама ако почнете да се расправате на цел глас, среде улица.

13-bon-ton-pravila-shto-sekoja-dama-treba-da-gi-sledi-01.jpg

Не е важно колку сте средени и дотерани – ако не обрнувате внимание на однесувањето и манирите, никогаш нема да изгледате како дама.

13 правила што секоја дама треба да ги следи:

1. Кога разговарате со некого, секогаш гледајте го во очи. Со ова ќе покажете дека активно учествувате во разговорот и го слушате соговорникот.

2. Постои бон-тон правило и за ракување. На работа, препорачливо е надредениот прв да ја подаде раката, без разлика на возраста. Надвор од канцеларија, секогаш постариот треба прв да ја подаде раката.

3. Кога седите, немојте да ги прекрстувате рацете – со ова изгледа како да заземате одбранбен став. Наместо тоа, поставете ги дланките во скутот, како на илустрацијата подолу.

13-bon-ton-pravila-shto-sekoja-dama-treba-da-gi-sledi-03.jpg

4. Секогаш обрнувајте внимание на држењето на телото. Со ова не само што ќе изгледате поотмено, туку ќе го зачувате здравјето на ’рбетот и ќе избегнете многу проблеми со грбот.

5. Кога сте во јавност, пробувајте да ги контролирате вашите емоции. На пример, дефинитивно нема да изгледа како дама ако почнете да се расправате на цел глас, среде улица.

13-bon-ton-pravila-shto-sekoja-dama-treba-da-gi-sledi-05.jpg

6. Секогаш почитувајте го туѓиот личен простор.

7. Научете да ги прифаќате комплиментите од другите, без разлика дали за некое ваше достигнување, за изгледот или што било друго. И, со насмевка заблагодарете се.

13-bon-ton-pravila-shto-sekoja-dama-treba-da-gi-sledi-04.jpg

8. Кога сте со некој, избегнувајте да си играте со косата, да мрдате со ногата и слично. Со ова делувате нетрпеливо, како да не ви се допаѓа друштвото.

9. Ако сакате да нанесете парфем кога сте излезени, немојте да го правите тоа пред сите, туку одете во тоалет. Исто така, немојте да се „бањате“ во парфемот.

13-bon-ton-pravila-shto-sekoja-dama-treba-da-gi-sledi-04.jpg

10. Кога сте во авион и некој ви пречи со своето однесување, немојте да се расправате со него. Наместо тоа, кажете ѝ на стјуардесата и таа ќе разговара со патникот. Со ова ќе избегнете непријатна ситуација.

13-bon-ton-pravila-shto-sekoja-dama-treba-da-gi-sledi-02.jpg

11. Кога купувате облека, нашминкајте се минимално и не ставајте кармин. Во спротивно постои ризик да ја извалкате облеката што ја пробувате.

12. Кога се шминкате, немојте целосно да си го менуваат изгледот на лицето и пробајте да ја нагласите вашата вистинска убавина (како дама).

13. Кога разговарате со познаник кој не ви е многу близок, немојте да споделувате многу детали, како дестинацијата на којашто сте биле на одмор, колку пари сте потрошиле, каков автомобил возите и сл.

13-bon-ton-pravila-shto-sekoja-dama-treba-da-gi-sledi-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бон-тон правила за на маса и во ресторан што треба да ги знаат сите Ако ве поканат на гости, не останувајте долго откако ќе завршите со јадење, а ак...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
12 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Не поставувајте лични прашања и немојте да одите преку ред, дури и ако „само сак...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
„Немаше многу дрога и секс како што мисли јавноста“: Како навистина изгледале популарните забави во ... „Забавите се одржуваа во куќа која е многу голема, па оние кои сакаа секс или не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg