Животни лекции од Опра Винфри кои ќе ги инспирираат жените постари од 50 години

„Кога наполнив 50 години, мојата пријателка Маја Анџелоу ми рече: ‘Душо, 50-те ќе ти донесат сè што посакуваш и можеш да замислиш. Сега можеш да бидеш сè што некогаш си сакала да бидеш. Ќе направиш сè што си мислела дека никогаш нема да можеш да направиш. Не се спротиставувај, препушти им се на годините и уживај“ - Опра Винфри го откри најдобриот совет што го добила кога почувствувала страв од стареењето.

zhivotni-lekcii-od-opra-vinfri-koi-kje-gi-inspiriraat-zhenite-postari-od-50-godini-01.jpg

Една од најпопуларните водителки на сите времиња, Опра Винфри (69), која е истовремено и мотивационен говорник, вели дека животот на жената вистински почнува откако таа ќе наполни 50 години.

Опра вели дека, како и сите жени, се плашела од стареењето. Ова се сменило откако нејзина добра пријателка ја советувала да им се препушти на годините и да почне да ужива.

Таа сега има неколку совети за жените над 50 години, кои можат да ви го променат животот во средните години на подобро.

Многу жени, но и мажи, прават сè што можат за да останат млади (или барем младолики) што е можно подолго. Па, освен што користат различни препарати, лажат и за годините.

Винфри, вели дека сето ова е погрешно.

Таа често зборува за тоа дека стареењето може да биде прекрасен процес во кој уште повеќе се запознаваме себеси, како и период во кој можеме да научиме повеќе за себе и да откриеме нови убавини на животот.

Водителката признава дека и неа не ѝ било лесно на почетокот.

Но, во моментите кога се соочувала со стареењето, таа добила совет од активистката Маја Анџелоу, кој ѝ помогнал да се гледа себеси со поинакви очи, а сега им го препорачува истото и на другите жени над 50 години.

„Кога наполнив 50 години, мојата драга пријателка Маја Анџелоу сè уште беше жива и ми рече: ‘Душо, 50-тите години ќе ти донесат сè што посакуваш и можеш да замислиш. Сега можеш да бидеш сè што некогаш си сакала да бидеш.

Ќе направиш сè што си мислела дека никогаш нема да можеш да направиш. Не се спротиставувај, препушти им се на годините и уживај'“, рече Опра неколку години подоцна во едно интервју.

Оттогаш Винфри постојано нагласува дека животот по 50-тата година е убав и треба да се живее со полни гради.

И, затоа ги советува жените да не се плашат да остарат.

„Живееме во култура каде што сè е против стареењето. Секој производ е производ против стареење, сè што треба да јадете е нешто против стареење.

Целата култура на живеење е поставена да ви каже што е најубаво и според нив тоа е младоста.

Но, постојат работи кои стануваат подобри со возраста. Сите ние стануваме подобри со возраста – поисполнети, реализирани, успешни, прошетани, начитани, среќни.

Во сето ова само треба да се прифатиме себеси со по некоја брчка, дамка на лицето, бело влакно... и да бидеме среќни за искуството што сме го стекнале и мудроста што ја имаме“ – вели Опра.

Таа има уште две лекции кои вреди да се запаметат:

„Секоја година треба да ве научи нешто вредно, а дали ќе ја добиете лекцијата зависи од вас. Секоја година ве приближува до исполнување на целта.

Јас ја славам секоја нова година од животот. Ја почитувам. И благодарна сум за секоја година во која сум благословена да живеам“.

„Следниот пат кога ќе размислувате за стареењето, брчките, животните промени во средните години, потсетете се дека ова е можеби една од најубавите станици на патувањето наречено живот.

Искористете го прекрасното време што ви е дадено и набљудувајте го со голема благодарност“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жените откриваат кои работи за мажите всушност не ги знаеле Ако прашате маж за што размислува и тој ви каже „За ништо“, верувајте му – тој н...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg