12 најиритантни работи кои ги прават гостите во рестораните (и никако не смеете да си ги дозволите)
„Најмногу мразам кога ќе дојде пар и ќе седне на маса за 4-6 луѓе само затоа што за нивните чанти и капути им се потребни уште неколку столчиња“.
Посетувате ли често ресторани? Внимавате ли како се однесувате таму и дали со своите потези ги нервирате вработените?
Од готвачи до келнери, вработени во ресторан во анкета спроведена од BuzzFeed откриваат кои се најиритантните работи што ги прават клиентите.
Листа на најиритантни работи што ги прават гостите во рестораните:
„Ме иритира кога од цел ресторан со средени маси, гостите ќе седнат баш на таа една што е нечиста, токму кога треба да ја средуваме“.
„Ужасно ме иритираат родители на кои око не им трепнува додека нивните деца расфрлаат храна по подот и потоа го напуштаат ресторанот како да не било ништо.
Ресторанот го оставаат во хаос, не се извинуваат, а често не ни оставаат бакшиш“.
„Работев долги години како келнерка. Ве молам не им дозволувајте на децата да трчаат низ ресторанот. Не само што ги иритираат другите гости, туку носиме и врели чинии, може да се удрат во нас и да настане незгода“.
„Кога правите резервација за одреден број луѓе, запомнете дека и вашето мало детенце се брои. Ние не прашуваме колку луѓе ќе нарачаат храна, прашуваме за колку луѓе се потребни столчиња на таа маса.
Дури и бебе седнато на високо столче (кое ќе ви го дадеме) зазема простор“.
„Готвачот со љубов и внимание ви приготвува храна, ви доаѓа совршено сервиран оброк и потоа вам ви паѓа на ум 'Ах, алергичен/а сум на тоа и тоа'... Па, зошто не кажете во моментот кога ја правите нарачката?“
„Најмногу мразам кога ќе дојде пар и ќе седне на маса за 4-6 луѓе само затоа што за нивните чанти и капути им се потребни уште неколку столчиња“.
„Престанете да барате работи кои не се на нашето мени и престанете да нè терате да ви приготвиме нешто само затоа што ги имаме состојките... Не сте дома и ние не сме ваши лични готвачи!“
„Ова не е вашиот дом, па престанете да се обидувате да ни го промените амбиентот. Не е на вас да одлучувате колку е гласна музиката или силно осветлувањето. Ако не ви се допаѓа, слободно одете во друг ресторан“.
„Не настапувајте со фрази како 'Јас сум пријател со сопственикот' за да добиете специјален третман. Не сте му толку близок пријател очигледно, ние добро ги знаеме пријателите на нашиот газда“.
„Ме нервира кога луѓето мислат дека ми помагаат кога земаат или ставаат работи од послужавникот кој го држам“.
„Не ми пукајте со прстите за да дојдам, јас не сум куче“.
„Ме нервира некој кој ми порачува нешто ново секојпат кога ќе дојдам со неговата претходна нарачка. Смислете што сакате, па кажете сè наеднаш“.
С. С. | Црнобело