„Готово е со нас, клучот ти е под чергиче“ - Македонците ги откриваат најлошите раскинувања што ги доживеале

Убави раскинувања нема, па затоа ги прашавме Македонците да ни откријат кој е најлошиот начин на кој им раскинал партнерот.

gotovo-e-so-nas-kluchot-ti-e-pod-chergiche-makedoncite-gi-otkrivaat-najloshite-raskinuvanja-shto-gi-dozhiveale-01_2.jpg

Раскинувањата се болни и тешки, особено ако сте заљубени или долго време сте биле заедно.

Едниот во врската секогаш е повреден, посебно кога раскинувањето е лошо или јавно.

Убави раскинувања нема, па затоа ги прашавме Македонците да ни откријат кој е најлошиот начин на кој им раскинал партнерот.

Ни одговараа на анкета на Инстаграм, а ова се дел од нивните најлоши искуства:

1. „Требаше да се видиме со девојката. Мене само што ми ја донесоа FIFA2017, па не отидов. После тоа таа никогаш не ми одговори на пораките и повиците“.

2. „На ѕид на Фејсбук добив порака: 'Готово е со нас, јас си одам, клучот ти е под чергиче'“.

3. Девојката ми рече ме остава, а не ми кажа зошто. Нема полошо од тоа да ти раскинат, а да не ја знаеш причината“.

4. „Еден дечко ми испрати СМС-порака и ми кажа дека ме остава“.

5. „Ми се случило дечкото да го снема, да се повлече скроз и да не ми ни каже дека сака да раскинеме. За него безболно, за мене најлошо“.

6. „Една девојка ја фатив во мојата спална со друг дечко. После тоа само се собра и си отиде, не требаше ни да ѝ кажам дека е готово“.

7. „'Бевме што бевме, сега веќе не сме' е најглупавата порака што сум ја добила од дечко. Уште ја памтам“.

8. „Ми рече: 'Откога сум со тебе цело време ме боли глава и не спијам. Време е да прекинеме, да ми престане немирот што ми го правиш'“.

9. „'Не е до тебе, до мене е, јас сум во лоша фаза' - ова е најглупавиот изговор што ми го дала девојка зошто ме остава“.

10. „Дечко ми раскина на клупа на улица Македонија, па додека плачев, сакаше да ме гушка и да ме утеши. Има ли полошо од тоа?“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
Фото-докази дека некои мажи непотребно им го отежнуваат животот на жените „Дечко ми ја преполнува машината за садови и не му е јасно зошто садовите се вал...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Луѓе откриваат интимни семејни тајни: Работи што никогаш нема да ги признаам пред партнерот „Сопругата не знае дека пред да се венчаме, имав односи со мажи“. „Сопругата ...
Позади добрите фотки на Бали стои водич кој ви објаснува како да позирате (видео) „Ова е навистина од помош за срамежливи парови“, „Водичите на Бали дефинитивно с...
Збунувачки фотки што треба да ги погледнете двапати за да ви станат јасни Многу реалистичен графит, куче кое изгледа како да има многу долг врат… Многу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg