7 предмети за кои не вреди да давате пари (бидејќи нема ни да ги користите)
На прв поглед, соковникот изгледа како одлична инвестиција. Но, ако прашате кој било што купил соковник, ќе ви каже дека не го употребил повеќе од 2-3 пати. Кои други предмети не вреди да ги купувате?
Некои предмети и уреди изгледаат навистина примамливо и сигурни сме дека ќе ни го олеснат секојдневието. Додека ова е вистина за дел од нив, постојат и оние кои ги забораваме само неколку недели откако ќе ги купиме.
Па, доколку сакате да купите нешто вакво, размислете добро дали навистина ќе го користите.
Ако, пак, веќе сте купиле, тогаш и самите знаете дека навистина било залудно фрлање пари.
Кои предмети не треба да ги купувате бидејќи сигурно нема да ги користите?
Соковник
На прв поглед, соковникот изгледа како одлична инвестиција. Убедени сте дека редовно ќе правите свежи сокови и веќе никогаш нема да купите од продавница.
Во реалноста, ретко кој го користи соковникот подолго од месец-два откако ќе го купи.
Многу подобро е да си купите квалитетен блендер кој донекаде го заменува соковникот, а и сигурно ќе го користите многу повеќе.
Нож за сечење пица
Претпоставуваме дека сте како повеќето и кога ви се јаде пица – нарачувате.
Па, нема потреба да купувате специјален нож за сечење пица кој ќе го употребите еднаш годишно.
Преса за лук
Со пресата можеби побрзо ќе го исечкате лукот, но ќе потрошите многу повеќе време во чистење.
Ќе ја употребите еднаш-двапати, и ќе сфатите дека е многу побрзо да го исечкате лукот со нож.
Ламба од хималајска сол
Ако ви се допаѓа изгледот на ламбата, слободно купете ја.
Но, не очекувајте дека ќе ви го подобри расположението, ќе го прочисти воздухот или дека ќе направи што било што сте слушнале за неа.
Досега ниту едно истражување ги нема потврдено потенцијалните здравствени придобивки од овие ламби.
Апарати со една намена
Избегнувајте да купувате апарати кои имаат само една намена, како апарат за правење палачинки, за варење јајца и слично.
Овие апарати можеби се ефикасни, но сигурно нема да ги користите многу често.
Подобро вложете ги парите во квалитетни тави и тенџериња.
Простирка за вежбање
Овен ако не сте вистински посветени на вежбањето, нема потреба да купувате специјална простирка, најмногу бидејќи е проблематична за чистење.
Ако вежбате само одвреме-навреме, слободно можете да искористите голема крпа наместо простирка.
Фритеза
Фритезите зафаќаат многу простор, тешки се за чистење, а и не е препорачливо често да јадете храна приготвена во нив.
Многу подобра инвестиција е апаратот за готвење на топол воздух.
Спирова С. | Црнобело