6 бонтон правила кои веќе никој не ги почитува во модерното време – бабите не би се гордееле
Мажот треба да ја плаќа сметката во ресторан, телефонот не треба да стои на маса и уште неколку бонтон правила во кои постарите порано се колнеле, а денес веќе сите ги прекршуваат и тоа се смета за нормално.
Важно е сите да ги знаеме основните бонтон правила за правилно и културно однесување, со цел да не оставаме впечаток на невоспитани личности.
Но, со оглед на тоа што многу од овие правила се направени во минатите времиња, кога работите биле многу поинакви од денес, очекувано, модерното време носи и прекршување на овие правила.
Некои од нив се оправдани, за други пак, зависи од ситуацијата – погледнете кои бонтон правила денес се прекршуваат:
Мажот треба да ја плати сметката во ресторан
Овие времиња одамна поминаа и сосема е нормално сметката да биде поделена или, пак, некогаш и жената да почести, посебно доколку има некаков повод или доколку таа поканила, со оглед на финансиската независност за разлика од порано.
Мажот треба да стане кога се поздравува со некого
Ова правило е застарено, затоа што денес, исто како мажите, така и жените треба да станат за да покажат почит кога се поздравуваат со некого што доаѓа.
Не треба да се седи со прекрстени нозе
Се верува дека дамите треба да седат исправено со спуштени нозе, но денес дури и некои жени од кралското семејство, a и многу славни дами, си дозволуваат да го прекршат ова правило.
Телефонот не се остава на маса за време на ручек
Времињата се променети и денес многу работи се случуваат на телефон – од важни телефонски повици, состаноци, мејлови и слично, до користење на апликации за мени од ресторан.
Па така, додека не ви одвлекува внимание од соговорникот, за многумина веќе е прифатливо телефонот да биде покрај вас.
Треба да им се помага на постарите, а мажите ја задржуваат вратата за жените
Денес е всушност многу поедноставно правилото – помогнете на секого на кого му е потребна помош, не само на постарите.
Ако жена види маж што носи нешто во раце, сосема е во ред таа да му ја задржи вратата и да му помогне.
Шапките секогаш треба да се тргнат кога влегувате во затворена просторија
Иако порано (а и денес во некои случаи) се сметало за непочит да се остави шапката на глава, сега сите се порелаксирани околу ова правило и шапките ги гледаат како моден додаток.
Сепак, има настани и ситуации каде е учтиво да се извади.
М. М. | Црнобело