Безобразни вицеви што ќе ве насмеат до солзи и ќе сакате да ги споделите со избрано друштво (18+)

Ви се случило да се срамите кога читате некои вицеви? Некои од овие вицеви помалку ќе ве засрамат, но сепак добро ќе ве насмеат.

bezobrazni-vicevi-shto-kje-ve-nasmeat-do-solzi-i-kje-sakate-da-gi-spodelite-so-izbrano-drushtvo-18-01.jpg

Доколку и вие сте од оние што сакаат да кажуваат безобразни вицеви кога се во избрано друштво, сигурно овие пет вица ќе ви се најдат.

Побожен дечко

Влегува Миле во аптека, сакал да се направи фраер, па му рекол на аптекарот:

- Здраво, кутија кондоми ве молам... Ќе одам кај девојка ми на вечера и мислам дека може да ми се посреќи...“

Аптекарот без да реагира му дал пакетче кондоми, но Миле тргнал да излегува, па му текнало нешто и се вратил:

- Знаете што, дајте ми уште едно пакетче. Девојка ми има згодна сестра, нека има за секој случај...“

Аптекарот му дал уште едно пакетче кондоми и Миле тргнал да си оди, но пак се вратил:

- Знаете што... Добро би било да ми дадете уште едно пакетче. Девојка ми има и згодна мајка. Таа ме покани на вечера па мислам дека може и таа да проба нешто вечер...“

Стигнал Миле кај девојка му, седнал на маса, заедно со девојка му, сестра ѝ и мајка им и заедно го чекале таткото на девојката да стигне од работа.

Кога стигнал таткото, Миле веднаш ја наведнал главата и почнал да се моли... Поминале 10-тина минути и девојка му му рекла:

- Аман бе Миле не знаев дека си толку побожен - на што, тој ѝ одговорил:

 - И јас не знаев дека татко ти работи во аптека...

Супер вид

Средовечен брачен пар седел дома и гледал телевизија, кога на сопругата ѝ текнало да го тестира сопругот дали може да го натера да ѝ даде комплимент.

 - Душо, се чувствувам ужасно – рекла таа, на што сопругот не одговорил ништо.

 - Се чувствувам остарено, здебелена сум и не сум убава веќе – додала таа и кога видела дека сопругот и понатаму молчи, му рекла:

 - Па сега, би можел да ми дадеш некој комплимент да ме охрабриш малку!“ – на што тој одговорил:

- Супер си, добар ти е видот за твои години.

Срцев удар

Сопругот си дошол дома од работа порано од вообичаеното и слушнал чудни звуци од спалната соба. Со трчање отишол во собата и ја видел жена му како сосема гола се препотува и не може да земе здив, па ја прашал:

- Што ти е жено?

- Мислам дека имам срцев удар! – почнала да вика жената.

Мажот со трчање отишол да го земе телефонот да повика брза помош, кога одеднаш дошол синот и почнал да му вика:

- Тато, тато... Чичко Перо сосема гол се крие во твојот гардеробер!

Сопругот веднаш го исклучил телефонскиот повик и со трчање се вратил во спалната и го отворил гардероберот и таму го нашол брат му сосема гол...

- Добро бе Перо, како не ти е срам? Жена ми има срцев удар, а ти гол трчаш низ куќава, ги плашиш децата...

Чудни симптоми после секс

Еден повозрасен брачен пар оди на систематски преглед кај лекар. Прво влегол мажот, лекарот му ги гледа резултатите од тестирањата, па му вели:

- Вака изгледа дека сте супер со здравјето, дали имате некои симптоми за кои би сакале да поразговараме?

- Па да, има... Откако првиот пат ќе имам секс со сопругата, обично ми е многу студено и ме тресе, а кога ќе имаме секс по вторпат ми станува многу жешко и се препотувам.

Лекарот не можел да му објасни зошто ги има овие симптоми, па му рекол да влезе неговата сопруга за да ги видат и нејзините резултати.

Кај жената немало никакви здравствени проблеми, немала никакви прашања, па лекарот уште заинтригиран од тврдењата на мажот ја прашал:

- Вашиот сопруг вели дека по првиот секс му студи, а по вториот му е многу жешко, дали знаете што е работата?“

- Ауу... Па најверојатно затоа што првиот пат имаме секс во декември, а вториот во јуни – одговорила жената.

Тест

Некоја жена била гневна затоа што нејзиниот сопруг повторно доцна се вратил од работа, па решила да го уплаши и да го научи на памет. Земала едно ливче и му напишала порака:

- Си заминувам и те напуштам. Не можам веќе да те трпам.

Го оставила ливчето на комодата и се скрила под креветот за да види како ќе изреагира тој кога ќе го види писмото.

По некое време мажот си дошол од работа, барал нешто низ кујна, а потоа влегол во спалната соба.

Кога го видел писмото, земал пенкало и допишал нешто, па го земал телефонот и се јавил некому.

- Фала богу! Конечно со замина... Знам, редно беше. Ајде доаѓам веднаш кај тебе, облечи секси долна облека за мене. Многу те сакам, не можам да дочекам да те видам...

Ги земал клучевите од автомобилот и излегол.

Жената слушнала дека нејзиниот сопруг заминал некаде со автомобилот и гневна излегла од под креветот за да види што допишал тој на пораката:

„Жено, ти се гледаат нозете под креветот. Одам да купам леб, се враќам за пет минути...“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Кога ќе нарачаш производ онлајн, а ќе добиеш нешто сосема поразлично (фото) Колку пати сте нарачале онлајн некоја храна која изгледала привлечно на фотките,...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg