„Водам сериозни бизнис разговори, а во глава ми ѕвони Васко жабата“ – најсмешните твитови за хит песната + кој е ликот за кого пее цел Балкан?
„На шала на смеа, ќе ја чуете васко жабата на свадба сезонава / Ако првиот свадбен танц не ни е на "Васко жабата" не ја ни женам“ – ова се дел од твитовите на Балканците за бугарската песна која стана хит во регионот. Дали и на вас не ви излегува од глава „На китарата Васко жабата“? Кој е Васко жабата?
Последнава недела сите се опседнати со стиховите од „На китарата Васко жабата“ и на никој не му излегува од глава оваа нумера.
Станува збор за бугарска песна, која случајно стана вирален хит на социјалните мрежи, чиј текст нема никаква логика, но е заразна и на повеќето им го „мачи“ мозокот.
Оригинално, песната која постои веќе 8 години, се вика „Комбайна-вършачка“ и е изведена од бугарски бенд „Оркестър Камчия“, а во рефренот се пее „на гитарата е Васко жабата, тој ќе пее драги гости само за вас“.
Пробувајќи да одгатнат кој е Васко жабата, сите почнаа да споделуваат фотка од човекот кој всушност е пејач во бендот, а сега се претпоставува дека Васко жабата е другиот член од бендот (иако ниту тој не свири на гитара). Сепак, останува мистерија дали текстот е воопшто поврзан со самиот бенд.
Многумина ја мразат песната и не можат да поднесат (со право) што дел од луѓето се опседнати со неа, но и оние кои се „заразени“ посакуваат да ја извадат од глава, иако борбата е тешка.