5 вицеви за парови што ќе ве насмеат до солзи (18+)

Ви издвојуваме пет вицеви за брачни парови, што веруваме дека ќе ве насмеат до солзи.

ova-ne-funkcionira-5-vicevi-za-parovi-shto-kje-ve-nasmejat-do-solzi-18-01.jpg

Некои вицеви ќе ве насмеат заради смешните ситуации, а некои можеби и ќе ве потсетат на некои настани од секојдневниот живот.

Веруваме дека ќе успееме да ви го подобриме расположението и да ви дадеме вицеви што може да ги споделите со вашите пријатели и блиски.

Пржени јајца

Едно утро жената пржела јајца во кујната, кога нејзиниот сопруг се појавил зад неа и почнал да ѝ вика:

- Внимавај, внимавај, што правиш? Стави повеќе масло... Многу јајца пржиш наеднаш. Многу се...Ајде размешај. Пази ќе ти загорат... Стави уште масло.
- Леле, што правиш, многу масло стави...
- Леле, ќе се залепат. Побрзај, мешај...
- Што ти е, пополека...
- Леле, заборави да ставиш сол!“

Жената го погледнала сопругот и го прашала:

- Што ти е? Мислиш дека не знам да испржам јајца?

- Не, само сакав да ти покажам како се чувствувам додека возам – ѝ одговорил сопругот.

Ова не функционира

Си дошол сопругот доцна од работа и на фрижидерот нашол порака на која пишувало:

„Драги, пробав сѐ, ама не можам повеќе. Ова не функционира. Си одам кај мајка ми!“

Мажот ја видел пораката и ја оставил на масата, го отворил фрижидерот и видел дека внатре свети светлото. Пробал со раката да види дали фрижидерот е ладен па рекол:

„Што ѝ е на женава. Супер си функционира фрижидерот“.

Уморен сопруг

Си доаѓа мажот од работа, си седнува во омилената фотелја, го пушта телевизорот и ѝ вели на жена му:

-Жено, брзо донеси едно пиво, додека не почнало...

Жената го погледнала збунето, но му донела едно пиво и си продолжила со својата работа.

Мажот го испил пивото и почнал да вика:

-Жено, брзо, донеси уште едно пиво, кај и да е ќе почне...

Жената видно налутена му донела уште едно пиво, што мажот веднаш го испил и почнал да вика:

-Побрзо жено, побрзо, носи уште пиво, кај и да е ќе почне!

Жената на ова збеснала и почнала да му вика:

- Добро како не ти е срам... Си доаѓаш и веднаш седнуваш, не велиш ниту ‘Добар ден’ одма за пивото се фати. Па уште очекуваш јас да те служам. Малку ми е по цел ден што готвам, чистам и пеглам...

- Реков јас дека кај и да е ќе почне, ете ја почна – рекол мажот.

Недоразбирање

Додека мажот работел занесено на компјутер, сопругата дошла и му рекла:

- Те молам оди до продавница, купи едно литро млеко, а ако имаат јајца, земи 6.

По некое време, мажот се враќа дома и носи 6 литра млеко.

Жената го гледа и го прашува:

- Што ти е тебе? Зошто си земал 6 литри млеко?

 - Па имаа јајца – одговорил мажот.

Жената секогаш е во право

Жената била во кревет со љубовникот кога го слушнала сопругот како ја отклучува вратата.

- Да не си мрднал. Многу е пијан, сигурно нема ниту да примети дека и ти си во креветот – му рекла жената на љубовникот.

Сопругот влегол по неколку минути, пијан, како што претпоставила сопругата, си легнал во креветот и пред да си легне, забележал дека под ќебето се гледаат 6 стапала.

- Еј жено, зошто има 6 стапала во креветов, кога треба да бидат 4, што се случува? – прашал тој.

- Толку многу си пијан, што погрешно си изброил – му рекла жената.

Стани од креветот и изброј повторно. Поубаво ќе видиш оттаму.

Сопругот станал и почнал да брои:

- Еден, два, три, четири... Во право си бе жено – рекол мажот и си легнал.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
10 (малку навредливи) вицеви кои добро ќе ве насмеат „Другар, колку години ти има девојката? 44 години. Ха-ха, па таа може мајка да м...
Смешна фото-компилација: Луѓе кои мислеле дека не им треба крем за сончање (и зажалиле) Ако сте како повеќето, сигурно барем еднаш во животот сте заборавиле да ставите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg