„Заборавив дека денес се женам“ - Најлудите оправдувања за отсуства од работа

Слободните денови од работа се неизбежни поради причини како што се болест, лекарски преглед, итни случаи, важни прослави или какви било други неодложни активности.

Sosema-zaboraviv-deka-denes-e-mojata-venchavka-kreativni-i-pomalku-nebulozni-opravduvanja-za-otsustva-od-rabota 01 630x330.jpg

Но, да бидеме искрени. Секој од нас барем еднаш посакал тмурниот, „мрзелив“ ден да го помине во својот кревет и да ја прескокне работата.

Според одредени истражувања, 35% од вработените изјавиле дека излажале дека им е лошо и останале дома, кога всушност се чувствувале сосема добро.

Некои од причините за земањето слободниот ден звучат сосема секојдневно и реално, но постојат и покреативни (комични) оправдувања кои ќе ве насмеат.

Во продолжение за вас ги издвоивме најкреативните изговори кои некогаш сте ги чуле:

„Девојка ми ме погоди со далечинското и ми го скрши предниот заб“.

„Здраво шефе. Не можам да дојдам на работа денес. Баба ми ме отру со шунка“.

„Мојот папагал се разболе од грип. Морам да останам дома и да се грижам за него“.

„Се заглавив под креветот и не можам да излезам. Се надевам дека ќе се видиме утре“.

Sosema-zaboraviv-deka-denes-e-mojata-venchavka-kreativni-i-pomalku-nebulozni-opravduvanja-za-otsustva-od-rabota 02 630x420.jpg

„Универзумот ми кажа дека денес не треба да дојдам на работа, така што решив да земам слободен ден“.

„Жена ми дозна дека ја изневерувам, па цела вечер си ги собирав алиштата од контејнерот“.

„Нема да можам да дојдам на работа бидејќи ме киднапираа!“

„Денес ќе одам на плажа, бидејќи докторот ми рече дека ми недостига витамин Д“.

„Не можам да дојдам. Денес после долго време се разбудив во добро расположение и не планирам да си го уништам чувството“.

„Ја изедов храната на мојата мачка, наместо конзервата со туна“.

Sosema-zaboraviv-deka-denes-e-mojata-venchavka-kreativni-i-pomalku-nebulozni-opravduvanja-za-otsustva-od-rabota 03 630x355.jpg

„Жена ми ја испра сета моја долна облека. Немам што да облечам“.

„Извинете што нема да можам да дојдам денес, во понеделник протестирам“.

„Не можам да дојдам денес (или некогаш повторно), добив на лотарија и сфатив дека повеќе би сакал да работам буквално сè останато, отколку да работам овде“.

„Се извинувам што нема да стигнам. Сосема заборавив дека денес е мојата венчавка“.

Sosema-zaboraviv-deka-denes-e-mojata-venchavka-kreativni-i-pomalku-nebulozni-opravduvanja-za-otsustva-od-rabota 04 630x420.jpg

„Премногу се вознемирив гледајќи го The Notebook. Се гледаме утре“.

„Мојот автомобил го нападна мечка!“

„Утрово бев предупреден од мојот астролог за можна сообраќајна несреќа, така што ќе земам слободен ден“.

Па, споделете ги со нас вашите (нај)креативни оправдувања.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешни фото-споредби: „Мојот живот пред и откако станав родител“ Ако ќерка им посака, татковците ќе седат мирни додека таа ги шминка, без разлика...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Хит мемиња во кои ќе се пронајдат сите (и ќе ве насмеат до солзи)  „Кога ќе го прифатиш фактот дека нема да бидеш во фит форма летово, ниту к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg