4 кратки вицеви за смеење до солзи
Секој ден ни е потребна доза на хумор. Од насмевки никогаш доволно, посебно во ваков период кога преовладуваат негативни вести.
Ќе се обидетеме да ве насмееме со овие неколку вицеви:
Разговараат две актерки...
Едната се жали: „Имам голем проблем. Вечерва одам на прв состанок со еден нов љубовник, па не знам што да му кажам на маж ми.“
Другата ја советува: „Па, кажи му ја вистината – дека одиш на проба.“
Мојата жена зборува самата со себе.
И мојата, само не е свесна дека го прави тоа.
Хмм, како така?
Па, мисли дека зборува со мене.
Двајца полицајци стојат на раскрсница на многу ниска температура и едниот само си дува во рацете за да ги загрее.
Другиот го прашува: „Па, зошто не ги ставиш рацете во џеб?“
Тој му одговара: „Немам место, во џебот ми се ракавиците.“
Познат дерматолог среќава свој пријател и го прашува: „Дали маската за лице што ѝ ја препишав на твојата сопруга ѝ помогна да го поправи изгледот?“
„Да, сѐ додека не ја извади.“
С. С. | Црнобело