Виц на денот: Кој слуша најдобро?
Чак Норис, Супермен и Брус Ли се натпреварувале кој најдобро слуша.
Почнал Супермен и вика:
- Спијам јас една вечер и почнав да слушам чудни звуци. Одам во едната соба - нема ништо, одам во другата соба и што да видам - пајакот фатил плете пајажина!
На тоа Брус Ли му враќа:
- Ништо не е тоа. И јас една вечер спијам и нешто шушка, тропа, чудни звуци ми се слушаат, И станав да видам што е работата. Одам во едната соба нема ништо, одам во другата соба нема ништо, одам во ВЦ и што да видам чешмата почнала да фаќа ‘рѓа.
Доаѓа редот на Чак Норис:
- Пфф… тоа ништо не е. Јас една вечер спијам и исто почна нешто да тропа, да испушта некои силни звуци и станав да проверам што е. Одам во едната соба ништо, одам во другата соба ништо, во ВЦ ништо. Се враќам во спалната отворам шифоњерот и што да видам - капутот ми излегува од мода!