Вицеви од Тиквешијата
Не се само кумановци по вицевите, добри може да се најдат и во делот на Тиквешијата. За денешната дневна доза за расположение, одбравме 5:
Влева Блажо дома, и а заваруе Мара со најдобриот другар.
Го ваде пиштолот и го убива, а Мара му вика:
- Блажо ако продужиш вака, сите другари че ги изгубиш...
Блажо држе тезга на пазарот, иде една жена тегавица и му вика:
- Че ми даиш кило патлиџани, ама че и замоташ у весник, еден по еден посебно..
Блажо мота едно пола саат и а прашуе:
- Готово е воа, друго нешто...
- Кило кромид ама исто така че го замоташ и него..
Завршил со мотањето и ваа го прашуе:
- Шо се виа ситните зрнца?
- Тоа е леќа, ама не е за продавање...
Мара му вика на Блажо:
- Оди на дуќанчето и купи два маргарина. Ако има јајца купи 10...
Блажо оде и се враќа со 10 маргарина и вика:
- Има јајца.
Поплавена канализација и идат од Комуналец мајстор и калфа. Мајсторот скокнал у шахтата и до мишките во гомна влегол, му вика на калфата:
- Дете, дај папгајка, гледај и учи.
Се пикнал мајсторот до вратот во шахтата и му вика:
- Дете, дај клуч 18.
Пак нурнал, ја поправил, излегол од гомната, се брише и му вика:
- Дете, учи занает оти цел живот ќе подаваш клучеви инаку...
Ристо го прашуе Блажо:
- Блажо, кои жени повече ги сакаш, ниа ногу шо лафат или ниа другите?
- Кои други бре?