12 примери на луѓе кои пробаа (и не успеаја) да создадат совршена празнична атмосфера
Порачувате нешто онлајн, а добивате нешто сосема друго... Или, сакате да направите совршена празнична торта, ама таа се „распаѓа“... На овие луѓе идејата за совршена празнична атмосфера, баш и не им се реализира по планот... Дали и вам ви се случило нешто слично?
Новогодишните и божиќните празници се меѓу најубавото време во годината. Сè е накитено, светка, сјае, имате чувство дека постои магија во воздухот. Па, сакате и вие да пренесете дел од таа магија во вашиот дом.
Но, што ако работите не одат по планот?
На интернет се споделуваат фотографии од луѓе кои покажаа како сакале да го украсат домот или да зготват некој празничен рецепт, а каков (очаен) резултат добиле на крајот.
Дали и вам ви се случило нешто слично?
„Видовме интересен дизајн со сијалички и лампиони закачени на ѕид и решивме да го копираме, но на крај само се изнасмеавме кога видовме што сме направиле“.
„Порачав скапа стаклена елка со морски мотиви од чуден сајт. Иако ми беше сомнително не очекував да е вака очајно“.
„Со мојата девојка решивме да направиме торта за Нова година со празнични мотиви“.
„Моето куче реши порано да ги отвори подароците“.
„Родителите ми купија сијалички во форма на ‘тажна врба’. Откако ги отворив, јас сум тажна“.
„Колачите што ги испеков баш и не излегоа како што очекував“.
„Велат, купете неколку големи лампиони за елката. Не знам каде ќе го ставиме овој што го порачавме од интернет“.
„Мислев дека елката во дворот ќе порасне доволно за да биде празничен гном. Можете да замислите колку сум разочарана“.
„Оваа година решив да направам празничен колач во вид на снешко за да ги израдувам децата“.
„Мајка ми порачуваше празнични украси онлајн. Очекувањата и реалноста не се воопшто исти“.
„Мајка ми порача 2-метарска елка онлајн. Еве што ни стигна. Најстрашно е што таа воопшто не се изнервира“.
„Сестра ми проба да направи торта во вид на елка“.
А. Ј. | Црнобело