3 вицеви што слатко ќе ве насмеат
Марика, откако го изневерила Перо, му објаснила: „Беше мрак, јас легнав да спијам. Тој влезе низ капијата – исто како ти, влезе низ вратата на куќата – исто како ти, влезе во собата – исто како ти...“
Секој ден е добар ден за доза на хумор, зарем не?
Неколку вицеви што ќе ве расположат за миг:
Марика го изневерила Перо, па тој ја прашал:
„Добро бе Марике, зарем не ти бев доволно добар?“
„Верувај ми Перо, се случи сосема случајно“.
„Како случајно?“ – ја прашал Перо.
Марика му објаснила:
„Беше мрак, јас легнав да спијам. Тој влезе низ капијата – исто како ти, влезе низ вратата на куќата – исто како ти, влезе во собата – исто како ти...
Потоа, легна до мене – исто како ти, ме среди – исто како ти, е дури кога кажа ајде уште еднаш, дури тогаш сфатив дека тоа не си ти“.
Мали Џокица го прашал татко си: „Тато, тато, од кого ја наследив интелигенцијата?“
„Најверојатно од мајка ти, јас уште ја имам својата!“
Мујо се јавил во полиција: „Добар ден, дали е тоа полиција?“
„Да, повелете!“
„Дали ги прислушкувате разговорите?“
„Ги прислушкуваме!“
„Освен јајца и леб, што друго ми кажа Фата да купам?“
Прочитајте и Вицеви за Мујо и Хасо што ќе ве насмеат до солзи
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com