5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението)

Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне денот. „Една жена целиот живот го поминала во грижа за нејзиниот сопруг. Така последните денови тој...“

5-vicevi-za-brachni-dvojki-shto-slatko-kje-ve-nasmeat-i-kje-vi-go-podobrat-raspolozhenieto-01.jpg

Што значи кога една сопруга е верна и романтична? Што прави сопругот кога е уплашен?

Ова се пет смешни вицеви што слатко ќе ве насмеат и се надеваме дека ќе ви го поткренат расположението, а кои секако ќе сакате да им ги кажете и на пријателите и блиските.

Верност

Една жена целиот живот го поминала во грижа за нејзиниот сопруг. Така, последните денови тој постојано паѓал во кома и се будел, а таа не сакала да се мрдне од неговиот болнички кревет.

Еден ден мажот се разбудил и бил посвесен од вообичаено, ја замолил сопругата да дојде поблиску за да ѝ каже нешто. Таа седнала до него, тој ѝ ја земал раката и ѝ рекол:

- Знаеш што? Ти остана со мене низ сѐ лошо што ми се случи. Кога ме отпуштија од работа, ти беше тука да ме поддржиш.

Кога бизнисот ми пропадна, ти беше со мене.

Кога бев застрелан од залутан куршум, ти беше до мене.

Кога почнав да се разболувам, ти постојано беше до мене. Знаеш што!? – прашал сопругот.

- Што? – вратила сопругата.

- Мислам дека ти си ми малерот! – одговорил мажот.

Статуа

Жената била во кревет со љубовникот кога слушнала дека сопругот си доаѓа дома.

-Брзо! Застани во аголот! – му рекла на љубовникот и брзо го премачкала со масло за тело и го напудрила со бела пудра.

- Да не си мрднал оттука! Само глуми дека си статуа! – му рекла на љубовникот.

- Леле, душо, што е ова!? – прашал сопругот кога влегол дома.

- Ма соседите купиле статуа за во спалната соба. Ми се допадна многу, па нарачав една и за кај нас – одговорила сопругата.

Љубовникот останал да стои скаменет така цело попладне, па дури и вечерта кога сопружниците си легнале да спијат.

Околу 2 на полноќ сопругот станал од кревет отишол до кујната и се вратил со сендвич и чаша вода и му ги дал на љубовникот – статуа:

„Еве, касни нешто. Знам како е, стоев како идиот во спалната соба на сосетката 3 дена и никој не ми понуди ни чаша вода“ – му рекол и си легнал.

Откритие

Научниците тврдат дека откриле дека ја нашле храната со која либидото на жената опаѓа за 90 отсто.

Се вика свадбена торта.

Кој е поплашлив?

Две дечиња се расправале за тоа чиј татко повеќе се плаши, на што првото дете рекло:

- Татко ми е толку голем страшливец, што секојпат кога надвор грми оди и се крие под креветот.

Второто дете го погледнало и му рекло:

- Тоа не е ништо. Секојпат кога мајка ми оди на работа трета смена, татко ми толку многу е уплашен што оди да спие кај сосетката.

Романтична порака

Една жена, бидејќи била мошне романтична решила да му прати убава порака на мажот за да го изненади:

„Ако спиеш, прати ми ги соништата;

Ако се смееш, прати ми насмевка;

Ако јадеш, прати ми едно залче;

Ако пиеш нешто, прати ми една голтка;

Ако плачеш, прати ми солза.

Те сакам“.

По неколку минути добила повратна порака од сопругот кој ѝ напишал:

„Срце во тоалет сум, што да ти пратам?“

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кратки вицеви за Мујо што ќе ве насмеат до солзи Мујо: „Фато, кога ќе умрам, ќе плачеш ли?“ Таа му одговара: „Ќе плачам Мујо, зна...
„Како ви паѓа толку коса, а не сте ќелави“ и уште 8 прашања кои ги мачат мажите во врска со жените  „Зошто сакате мажот да избере ресторан или хотел, а потоа го бојкотирате н...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Вицеви за снаи и свекрви на кои слатко ќе се насмеете Немаме намера да навредиме никого, а целта ни е само слатко да се насмееме. Колк...
Хит мемиња во кои ќе се пронајдат сите (и ќе ве насмеат до солзи)  „Кога ќе го прифатиш фактот дека нема да бидеш во фит форма летово, ниту к...
Смешна фото-компилација: Подароци што можете да ги добиете само од баба Ранец со слика од Исус, конзерви туна за Божиќ – кој е најлудиот подарок што сте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg