Смешна илустрација во која ќе се препознаат сите што сѐ уште не се навикнале на зимското сметање на времето
Колку е часот? Зарем веќе е полноќ? – Дали и вам ви се чини дека е време за спиење уште во 18:00 часот попладне? Оваа илустрација сигурно ќе ве насмее.
Минатата недела ги вративме стрелките на часовникот еден час поназад и речиси сите сѐ уште имаме проблеми да се навикнеме на промената.
Колку од вас се разбудија во неделата наспани во 7:00 часот наутро?
Се стемнува уште во 5 часот попладне, па веќе во 5:30 ни се чини дека е време за спиење...
Илустраторката Едријен Хедџер од САД објавува смешни илустрации поврзани со секојдневните случувања, па така во оваа прилика објави една смешна илустрација за тоа како луѓето вообичаено се чувствуваат по почнувањето на зимското сметање на времето.
Колку од вас се пронаоѓаат во оваа ситуација?
Б. С. Б. | Црнобело