Фотографија од лицето и вратот на 92-годишна баба е доказ зошто мора да користиме крем со заштитен фактор
Фотографија објавена во списание за дерматологија ќе ве натера уште веднаш да ставите крем со заштитен фактор на лицето и вратот.
Веќе на сите ни е познато дека ако сакаме да ја заштитиме кожата и да ја намалиме појавата на брчки, едно од најважните нешта е користењето крем со заштитен фактор.
Штетните ултравиолетови зраци од сонцето ја намалуваат еластичноста на кожата, го забрзуваат создавањето брчки, но и го зголемуваат ризикот од рак на кожата.
Што значи, користењето крем со заштитен фактор не е важно само од естетски, туку и од здравствени причини.
Но, ако сте како повеќето луѓе, можеби заборавате да нанесете крем на вашиот врат.
Фотографија објавена во Journal of Тhe European Academy of Dermatology and Venerology многу добро покажува зошто треба да ставаме крем со заштитен фактор, но и зошто не треба да го прескокнуваме вратот.
На фотографијата се гледа дел од лицето и вратот на 92-годишна жена. Жената редовно користела крем со заштитен фактор на лицето, но не и на вратот.
А, разликата ќе ја забележите и самите – кожата на вратот е во многу полоша состојба, има брчки, како и темни дамки.
Фотографијат е објавена во склоп на текст за превенција на рак на кожата, напишан од доктор Кристијан Пош.
„Образот и вратот на 92-годишна жена која користела крем со заштитен фактор на лицето, но не и на вратот, во период од повеќе од 40 години.
Клиничките испитувања открија огромна разлика помеѓу штетата од сончевите зраци на образите и вратот“, стои во описот на фотографијата.
Целта на доктор Пош е да ја покаже важноста на соодветната заштита на нашата кожа.
Да нагласиме дека кремовите со заштитен фактор не се само за летниот период – штетните УВ зраци се активни и во зима, па не заборавајте да ја заштитувате кожата на лицето во текот на целата година.
Со ова не само што ќе изгледа помладо, туку и драстично ќе го намалите ризикот од рак на кожата.
Препорачливо е да користите крем со заштитен фактор 30, но доколку имате многу бела кожа, користете поголем фактор.
Нанесувајте го кремот пред да излезете од дома, а ако го поминувате целиот ден на отворено, препорачливо е да нанесувате крем на секои два часа.
Спирова С. | Црнобело