Најубавата плажа на Закинтос претворена во депонија: „Што ве тера да ја уништите?“

„Грчко лето 2022...“ – стои во описот на фотката која Грк ја објави од Navagio плажата на Закинтос, на која има куп ѓубре. Навистина што е тоа што ги тера луѓето да ги уништуваат најубавите плажи во светот?

najubavata-plazha-na-zakintos-pretvorena-vo-deponija-shto-ve-tera-da-ja-unishtite-01.jpgфото: depositphotos.com / Фејсбук - Michael Bakas

На Фејсбук вирално се шири фотографија направена и објавена од Михаел Бакас, на која се гледа како една од најубавите плажи во Грција (и светот) е претворена во депонија.

Navagio плажата до која се стига само со брод, се смета за популарна дестинација и една од најубавите плажи која секогаш се наоѓа на листите со предлози за посета.

Но, освен ситниот бел песок, тиркизната вода и бродот кој е туристичка атракција, изгледа уште нешто привлекува внимание на плажата...

„Грчко лето 2022... Не разбирам како плаќате за да одите на неколку часа на најубавите плажи во светот и таму си го оставате ѓубрето...“ – стои во описот на Гркот кој објави фотка од Navagio плажата на Закинтос.

https://www.facebook.com/mbakas/posts/pfbid02N5GpLcJ2vzRAwvPGYMRW8hFQpwb9LyeM6UPUt9c4G97SsdBoAxRtUYdieMcSdNNil

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg