Ретро фотка од плажата Градиште во 60-тите години: На одмор со шатори и спиење под отворено небо
Како се одело на одмор во минатото? Како изгледал летниот одмор на нашите баби и дедовци? На социјалните мрежи кружи фотографија од плажата Градиште направена во 60-тите години на минатиот век. Очигледно е дека во изминатите 60 години нештата многу се измениле.
Автокампот Градиште покрај Охридското Езеро постои и денес, а плажите во близина се едни од омилените за туристите што доаѓаат со цел добро да се забавуваат и да имаат незаборавно лето во Охрид.
На Инстаграм профилот odamna.makedonija деновиве беше објавена фотографија од плажата Градиште направена во 60-тите години на минатиот век каде се гледа дека околу плажата се кренати голем број шатори, а сѐ изгледа многу поедноставно.
Така се одело на одмор некогаш, нашите баби и дедовци спиеле во платнени шатори и под отворено небо, а наместо на лежалки под чадори, на плажа се одело само со пешкир.
Погледнете ги фотографиите...
Б. С. Б. | Црнобело